Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СП 2018: Колумбија кон осминафинале, Полска кон Варшава (Видео)

0
By Нова ТВ on June 24, 2018 СПОРТ
Фото: fifa.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, June 24, 2018 23:21

Фалкао го доби дуелот со Левандовски, Колумбија ја разоружа Полска. Јужноамериканскиот претставник го декласира европскиот со 3:0 во групата Х и остана во игра за осминафинале на Светското фудбалско првенство. Мина ја отвори серијата голови на „Казањ арена“ во 40. минута, Квадрадо ја затвори во 75. минута, во меѓувреме погоди и Фалкао во 70. минута, за убедлив триумф на составот на Хозе Пекерман, на задоволство на многубројните нивни навивачи на трибините меѓу кои беа и легендите на колумбискиот фудбал, Рене Игита и Карлос Валдерама.

Полска не успеа да се носи со предизвикот. Фудбалерите на Адам Навалка согорија во желбата да останат на мундијалот и по 180 одиграни минути во него не успеаја да нè убедат зошто им беше доделена улога на носители при извлекување на групите за завршниот турнир. На стартот загубија од Сенегал (1:2), вечерва и од Колумбија за пакување, па дуелот што им претстои против Јапонија ќе нема никакво значење по ко-домаќинот на континенталниот шампионат во 2012 година.

https://www.youtube.com/watch?v=R9JktRfDNpk

Колумбија, пак, е спротивното од Полска по двете одиграни кола на СП. Широкиот репертоар на оружја со кој пристигна во Русија, вечерва се активира и „пукаше“ од сите позиции кон голот на Војчех Шчесни. Момчињата во сино-розева комбинација ги фатија конците во натпреварот и во ниту еден момент не им побегнаа од раце. Славеничката атмосфера што ја градеа 40. минути не дозволија да биде нарушена до последниот свиреж на мексиканскиот арбитар Рамос и заслужено ги впишаа првите бодови во Х конкуренција. Но, и со нив нема да бидат мирни бидејќи се наметнуваат како императив и против незгодниот Сенегал. За разлика од нив, турнирот во Русија за Полјаците ќе заврши на 28 јуни во Волгоград со меч против Јапонија која попладнево ремизира со Сенегалците (2:2) и изби на лидерската позиција во групата Х.

Рекордна победа на Англија на СП низ историјата, Панама „настрада“ со 6:1

https://www.youtube.com/watch?v=mwxfgcgQ09c

Покрај овие два меча, денешниот натпреварувачки ден на СП го одбележа и убедливиот триумф на Англија против дебитантот Панама со 6:1. Хет-трик постигна неверојатниот Хари Кејн, двапати во листата на стрелци се впиша Џон Стоунс, а еднаш и Џеси Лингард за рекордна победа на „Гордиот албион“ во настапите на Светските првенства низ историјата.

Фото: fifa.com

Рекордот, пак, останува во сопстеност на Унгарија. Популарната „лесна коњица“ од средината на минатиот век го понижи Салвадор со 10:1 на турнирот во Шпанија во 1982 година. Унгарците ја имаат и втората најубедлива победа на мундијалите што беше изразена со девет гола разлика против Јужна Кореја во 1954 година. Позицијата во оваа статистичка категорија ја делат со поранешна Југославија чии „сини“ го декласираа Заир со 9:0 на Светското првенство во 1974 година што го организира тогашна Западна Германија на што, секако, се сеќаваат повозрасните љубители на фудбалот во земјава.

Полска – Колумбија 0:3 (0:1)

Стадион: „Казањ арена“ во Казањ. Гледачи: 42.783. Гл. судија: Сезар Рамос. Асистенти: Марвин Торентера и Мигел Ернандез (сите тројца од Мексико). Ж. Картони: Беднарек, Горалски (Полска). Стрелци: Мина 40’, Фалкао 70’, Квадрадо 75’ за Колумбија.

Полска (формација 3-4-3): Шчесни – Паздан (Глик 80’), Беднарек, Пишчек – Рибус, Горалски, Криховјак, Бережински (Теодорчик 72’) – Ковнацки (Гросицки 57’), Зиелински, Левандовски. Селектор: Адам Навалка.

Колумбија (формација 4-2-3-1): Оспина –  Мохика, Мина, Санчез, Ариас – Бариос, Агилар (Урибе 32’) – Родригез, Кинтеро (Лерма 73’), Квадрадо – Фалкао (Бака 78’). Селектор: Хозе Пекерман.

Колумбија Полска СП 2018 фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 3, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

ВЕСТИ May 3, 2026

Техеран преку Пакистан достави мировен план до Вашингтон со кој бара укинување санкции, повлекување на…

103-ка

May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026

„Не се молиме“ – првомајски протест на ССМ за повисока минимална плата

May 1, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.