Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Огнен лет со хепиенд: Гореше авионот на С. Арабија над Ростов (Видео)

0
By Нова ТВ on June 19, 2018 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, June 19, 2018 01:47

За влакно е избегната трагедија на Светското фудбалско првенство во Русија. Непосредно пред слетување во Ростов се запали авионот со кој се превезуваше репрезентацијата на С. Арабија што, за среќа, мина без последици. Благодарение на присебната реакција на пилотот, саудијските играчи, сепак, беа безбедно приземјени на аеродромот во градот на Дон каде во среда од 17 часот ќе играат против Уругвај во рамки на второто коло во групата А. Видео снимка од воздушниот инцидент во кој пламна десниот мотор на леталото, а потоа и крилото со брзина на светлината се рашири низ светските медиуми и социјалните мрежи.

„Сакаме да ве увериме дека сите членови во мисијата на репрезентацијата во Русија се безбедни по минорниот технички проблем на моторот на авионот. Леталото се приземји на аеродромот во Ростов и играчите се наоѓаат во нивните хотелски соби“, стои во соопштението на Фудбалската федерација на Саудиска Арабија.

Безбедното приземјување на проблематичниот лет на рускиот авион на аеродромот во Ростов на Дон беше поздравено со бурни аплаузи на фудбалерите. Леталото, јавуваат светските медиуми, било купено од американската компанија „Фронтиер Ерлајнс“ пред 12 години како ново пред да биде препродадено на руската „Донавија“ во јули во 2013 година. Од април во 2016 година, Ербасот од типо А319-100 е даден под наем на „Русија Ерлајнс“ со седиште во Санкт Петербург.

Од Фудбалската федерација на Саудиска Арабија истакнуваат дека авионот што имаше технички проблем на летот од Москва до Ростов на Дон нема никаква врска со „Сауди Арабиан Ерлајнс“ и бил предвиден од организацискиот комитет за превоз на тимовите учесници на Светското првенство во Русија.  Селекторот, пак, на „зелените соколи“, Хуан Антонио Пици го нарече дефектот „срамен“.

авион Инцидент Ростов Саудиска Арабија СП 2018 фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.