Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Browsing: СП 2018
Селекторот Оскар Рамирез објави списокот со патници за мундијалот во Русија (14 јуни-15 јули) што за разлика од дел од неговите колеги е скратен и конечен. Покрај чуварот на мрежата на мадридски Реал, внимание привлекуваат и Брајан Руиз, клупски колега на Стефан Ристовски од Спортинг Лисабон, и Џоел Кемпбел од Арсенал
Како образложение на одлуката на Фудбалската федерација на Јапонија се наведуваат проблеми во комуникацијата и загубена доверба кај играчите. Работата со националниот тим му е доверена на Акира Нишино
Пред медиумите во САД, каде наодамна потпиша за екипата на Лос Анџелес Галакси, напаѓачот јасно порача дека само од него зависи дали ќе се стави на располагање на селекторот Јане Андерсон за турнирот во Русија ова лето
Ѕвездата на Барселона веќе има едно повлекување зад себе. Се збогува со националниот тим по поразот на пенали од Чиле во финалето на Копа Америка во 2016 година меѓутоа подоцна се предомисли и повторно се стави на располагање на стручниот штаб
Португалецот се договори со руската ТВ станица „Раша Тудеј“ за воведните седум мундијалски денови и за ангажманот ќе наплати сума со седум бројки
Ривали на северниот сосед во групата Е ќе бидат и Швајцарија и Костарика, „коцкестите“, пак, во груупата Д ќе играат и со Исланд и со Нигерија. Светското првенство во Русија ќе биде отворено со натпревар меѓу домашната репрезентација и Саудиска Арабија на 14 јуни на стадионот „Лужники“ во Москва на кој ќе се игра и големото финале на 15 јули
Извлекувањето на групите е закажано за 16 часот. Честа да бидат водители ја добија легендарниот англиски фудбалер Гари Линекер и руската спортска новинарка Марија Команднаја, улогите на асистенти им припаднаа на Никита Симонјан, Лоран Блан, Гордон Бенкс, Фабио Канаваро, Кафу, Диего Марадона, Карлес Пужол и Диего Форлан
Во улога на ко-водител на манифестацијата ќе биде руската спортска новинарка Марија Команднаја. Свеченоста е закажана на 1 декември
Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) го објави конечниот изглед на четирите шешири за ждрепката за групите за мундијалот во Русија во 2018 година. Формирањето на групите е закажано за 1 декември во Кремљ
Данските фудбалски репрезентативци и навивачи до долго во ноќта го славеа пласманот на Светското првенство во Русија. По резултатскиот дебакл…
„Кенгурите“ во реваншот го совладаа Хондурас со 3:1 и се најавија како 31 репрезентација на завршниот турнир во Русија. Нивниот капитен со хет-трик во второто полувреме се промовира во централна фигура на „АНЗ“ стадионот во Сиднеј во реванш баражот со претставникот на КОНКАКАФ зоната. Последниот патник на мундијалот ќе биде познат ноќеска по одигрување на дуелот меѓу Перу и Нов Зеланд
За легендарниот италијански тренер ќе биде трагедија доколку националниот тим не успее до мундијалот во 2018 година. „Азурите“ вечерва (20,45 ч.) на „Сан Сиро“ се домаќини на Шведска во реванш баражот за завршниот турнир во Русија. Скандинавската селекција има 1:0 од првата средба во Стокхолм