Голгетерот на фудбалската фудбалска репрезентација, Гари Линекер и руската спортска новинарка Марија Команднаја ќе бидат водители на ждрепката за групите за СП 2018. Домаќините на свечената церемонија во Кремљ на 1 декември ќе имаат и осум асистенти од кои засега е откриен само Никита Симоњан, репрезентативец на поранешен СССР.

„Досега бев на спротивната страна и знам колку е возбудливо кога бев во очекување да ги дознам своите ривали. Како фудбалер учествував на два мундијала, сега и на трет во улога на домаќин на ждрепката“, истакна Линекер.

На СП 2018 ќе учествуваат 32 селекции кои ќе бидат поделени во осум групи по четири. Нивното формирање ќе биде преку четири квалитативни шешири. Дел од првиот ќе бидат Русија заедно со седумте најдобри селекции на ФИФА ранг листата – Германија, Бразил, Португалија, Аргентина, Белгија, Полска и Франција. Вториот го предводи Шпанија, а друштво на „црвената фурија“ ќе ѝ прават Перу, Швајцарија, Англија, Колумбија, Мексико, Уругвај и Хрватска.

Од третиот шешир ќе бидат извлечени Данска, Исланд, Костарика, Шведска, Тунис, Египет, Сенегал и Иран, а во четвртиот се сместени Сбија, Нигерија, Австралија, Јапонија, Мароко, Панама, Јужна Кореја и Саудиска Арабија.