Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Browsing: СП 2018
Триумфот над Украина на гости (0:2) беше препорака да остане на кормилото и за баражот со Грција, а по успешно одработените 180 минути ја зацементира својата позиција кај претседателот на хрватскиот фудбалски сојуз, Давор Шукер и речиси сигурно останува на клупата на „коцкестите“ и за завршниот турнир во Русија наредното лето
Нокаут фазата за мундијалот во 2018 година вечерва (20.45 ч.) ја отвораат Хрватите и Грците на „Максимир“, односно, Северна Ирска и Швајцарија во Белфаст. Шведска утревечер (20.45 ч.) ќе биде домаќин на Италија, а Данска во сабота на Република Ирска
Италија, второпласирана во групата Г, за ривал ја доби Шведска, Северна Ирска ќе се пресмета со Швајцарија, додека Република Ирска против Данска за преостанатите четири слободни места од УЕФА фудбалската зона за СП 2018. Првите бараж мечеви се закажани од 9 до 11 ноември, реваншите од 12 до 14 ноември
Со документот што е задолжителен се предвидуваат и низа погодности за навивачите како влез во Русија без виза, бесплатни патувања меѓу градовите домаќини на натпреварите и бесплатен градски превоз на денот на одигрување на мечевите. Продажбата на влезниците за мундијалот ќе почне во четврток и ќе трае до 15 јули догодина кога е закажано големото финале
Почетокот на фудбалскиот мундијал е на 14 јуни догодина. Првиот меч на турнирот како и големото финале на 15 јули ќе се одиграат на стадионот „Лужники“ во Москва
Обемниот систем за видео надзор ќе биде инсталиран на трибините и во поттрибинскиот простор во 2017 година. На стадионот ќе се играат четири меча во групната фаза по еден осминафинален и полуфинален и мечот за титулата
Наместо до декември 2017 година, како што пишува на интернет страницата на Владата на Русија, ќе финишираат во 2018 година без притоа да се прецизира кога точно. Натпревари ќе се играат на 12 арени во 11 градови
За „Забивака“ или во превод „голгетер“ гласаа 53 отсто во анкетата на интернет сттраницата на ФИФА. Производ е на дизајнерката Екатерина Бочарова
Италијанецот доби јасна цел – пласман на СП 2018 во Русија. На клупата ќе дебитира на 15 ноември против Катар на домашен терен
Селекторот на Македонија со порака дека пробал да ги затвори приодите кон голот на Богатинов по 2:1, но, за жал,…