Browsing: Судски совет

Првичните информации за случајот се однесуваат на тениско игралиште во државна сопственост што на нелегален начин било легализирано, а подоцна и приватизирано за потребите на спортското здружение „Љуботен“ во период во кој негов претседател бил Теофиловски. Од Обвинителство за Нова ТВ ја потврдија акцијата и најавија официјално соопштение во текот на денот

Републичкиот Судски совет на денешната седница го разреши од судиската функција поранешниот претседател на скопскиот Кривичен суд, Владимир Панчевски. Toj е обвинет и за злоупотреба на службена положба за распределувањето на предметите преку АКМИС системот, но судењето сè уште не е почнато бидејќи неколку пати се одложува

Доколку се потврди дека има спрега меѓу ДУИ и ВМРО ДПМНЕ за блокирање на процесот за враќање на правото и правната држава, гласно ќе кажам, вели премиерот во интервјуто за Нова ТВ што целосно ќе може да го гледате в недела

Според Мухамед Зекири, на последната седница на собраниската Комисија за избор и именување профункционирала коалицијата меѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ. Весна Дамева и Селим Адеми се очекува да бидат избрани за нови членови на Судскиот совет на денешната пленарна седница во македонскиот Парламент. Дамева доаѓа по предлог на претседателот Стево Пендаровски, Адеми, пак, е номиниран од ДУИ. Во пакет со нив на Комисијата не мина Павлина Црвенковска, предложена од СДСМ, поради нерешен исход во гласањето (6:6).

Главна преокупација на многумина судии, пред се избраните во време на ВМРО ДПМНЕ, особено на некои во Апелациониот суд, е како да се укинат притворите на обвинетите вмровски функционери и како да се заглават предметите на СЈО