Browsing: тенис

Српскиот тенисер во полуфиналето во Мелбурн го совлада Канаѓанецот со црногорско потекло, Милош Раониќ со 6:4, 6:3 и 7:6 за нешто помалку од три часа игра. Швајцарецот, пак, спаси седум меч топки и успеа, со пресврт, да го елиминира Тенис Сандгрен од САД со 6:3, 2:6, 2:6, 7:6, 6:3

Со гестот на „Род Лејвер арена“, Австралиецот јасно стави до знаење колку се восхитувал на ликот и делата на кошаркарската ѕвезда на лејкерси, а во еден момент за време на петминутното загревање пред мечот не можеше да ги исконтролира емоциите и заплака

Истрагата покажа дека тој во периодот од 2015 година до 2019 година бил вклучен во лажирање на резултати на тениски мечеви на АТП и ИТФ турнири во Мексико, САД, Бразил и Чешка за што ќе плати и казна од 200.000 долари

Рафаел Надал се пласира во третото коло на Австралија опен, Доминик Тим едвај го „преживеа“ Австралиецот со славно атлетско име, Болт, но белег на четвртиот натпреварувачки ден на гренслемот во Мелбурн остави Ник Кирјос. Темпераментниот домашен адут повторно „удри“ на најдобриот светски рекет во моментот, овојпат со имитација на ритуалот на Надал пред сервис – завлекување на коса зад уши, допирање нос и извлекување на гаќичките

Моментно водечкиот тенисер на АТП листата имаше „тренинг“ натпревар во првото коло против Уго Делиен од Боливија над кого славеше 6:2, 6:3, 6:0, а, пак, најдобрата хрватска тенисерка Дона Векиќ беше кобна за Шарапова над која триумфира со 6:3, 6:4

Српскиот ас, потешко одошто се очекуваше, се проби до второто коло на Австралија опен кој започна ноќеска во Мелбурн. Можеби го имаше најтешкиот ривал од фаворитите, можеби се загреваше или, пак, можеби повторно се соочува со проблем, па загуби сет во триумфот на Јан Ленард Штруф од Германија, 37. на АТП ранг листата, со 7:6, 6:2, 2:6, 6:1

Во фокусот, логично се бранителите на титулата, Србинот Новак Ѓоковиќ кој ќе се обиде по осми пат да замине од Мелбурн со највредниот чек, и младата Јапонка Наоми Осака. Вниманието, пред се, ќе биде насочено кон машкиот турнир на кој конкуренцијата е поизострена, со Рафаел Надал, со Роџер Федерер, но и поради Доминик Тим, Стефанос Циципас и Данил Медведев кои се поопасно се приближуваат на моќната тројка