Browsing: Тур де Франс

Британецот беше недопирлив за конкурентите за тронот на денешниот хронометар во Марсеј во должина од 22,5 километар и има 54 секунди предност во однос на Ригоберто Уран во генералниот пласман пред утрешната последна етапа на престижната велосипедска трка

Тој оствари време од 2:36,29 часа во планинската етапа што се возеше од Сен Жирон до Фоа во должина од 101 километар и стана прв домашен натпреварувач што победи на францускиот национален празник по Давид Монкути во 2005 година. Жолтата маичка ја задржа Италијанецот Фабио Ару кој има плус шест секунди во однос на Крис Фрум во генералниот пласман

По неколку прегледувања на снимките е заклучено дека германскиот велосипедист влегол во целта пред Норвежанецот Едвалд Боасон Хагел. Жолтата маика останува кај Крис Фрум. Утре се вози осмата етапа од Доле до Руже во должина од 187,5 километри

Италијанецот имаше најсилни нозе во делницата од Вител до Ле Планш (160,5 километри) за прва победа во кариерата на најпрестижната велосипедска трка во светот и се проби до третото место во генералниот пласман

Неспортскиот и срамен потег на Чехот се случи во завршните стотина метри на делницата од Мондорф до Вител во должина од 207,5 километри. Негова мета беше Британецот Марк Кавендиш кој, како последица на силниот пад, се здоби со повреда на рамото