Browsing: Вардар

Шпанецот Давид Писонеро го плати резултатскиот дебакл од Кил во Лигата на шампиони со деградирање во стручниот штаб на европскиот ракометен првак во кој во иднина ќе биде асистент

Со своите игри и работа остави трага во голем број на клубови во поранешна Југославија меѓу кои и кај скопските „црвено-црни“ на чие кормило беше во 1983/84, две години пред освојување на шампионската титула во сојузната лига

„Црвено-црните“ славеа на тешкото гостување на југот на Франција со 33:31 (полувреме 16:17), Скубе најефикасен со седум гола. Наредниот викенд во СЦ „Јане Сандански“ против тимот на Порто. Утре попладне (недела, 17 ч.) во салата „Боро Чурлески“ во Битола, екипата на Еурофарм Работник ќе дебитира во меч во Лигата на шампиони против Спортинг Лисабон

„Фармацевтите“ во салата „Боро Чурлевски“ го совладаа рускиот претставник со 34:29 (15:12) во дебитантскиот настап во регионалното натпреварување во кое во второто коло ќе бидат домаќини и на Металопластика. Вардарци, пак, ја оправда фаворитската улога против Пекинг Спорт Јуниверзити со 37:23 (полувреме: 19:12)

Каталонците во финалето го поразија Кил со 34:32 (15:17) за рекордна петта титула на турнирот по 2013 година, 2014 година, 2017 година и 2018 година вредносен чек на 400.000 долари. „Црвено-црните“, пак, во меч за третото место ја совладаа екипата на Ал Вахда со 30:26 (16:16) за повторување на пласманот од дебитантскиот настап на „Супер Глоуб“ во 2017 година