Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Прва фудбалска лига: Се радуваше Борец, се радува и Вардар

0
By Нова ТВ on October 27, 2019 СПОРТ
Фото: facebook.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, October 27, 2019 21:08

Гостинските екипи во фудбалската Прва лига во оваа сезона тешко стигнуваат до бодови во Велес, а стадионот „Зоран Паунов“ се претвори во тешко освоива тврдина за ривалите на Борец. Во градот на Рацин не победија Вардар (0:0) и Работнички (1:1) и беа совладани Шкендија (1:0), Шкупи (2:1) и Струга Трим Лум (3:2). Серија без пораз пред своја публиката, велешани ја продолжија и против Академија Пандев. Голот на Никола Прелчец од 80. минута беше доволен за радост и против струмичани со 1:0 што директно влијаеше врз изгледот на врвот на табелата.

Вардар, по победата над Работнички со 2:0, е сам на првото место со 27 бода, три повеќе од „академците“ на Пандев. Во корист на вардарци и ремито (0:0) на Македонија во Ѓорче Петров против Шкендија, па разликата меѓу нив и бранителот на титулата сега изнесува 12 бода.

Без победник (2:2) заврши и мечот меѓу Ренова и Шкупи додека Силекс со 1:0 ја порази Струга Трим Лум.

Прва лига, 12 коло

Резултати

Борец – Академија Пандев 1:0

Македонија Ѓорче Петров – Шкендија 0:0

Силекс – Струга Трим Лум 1:0

Ренова – Шкупи 2:2

Работнички – Вардар 0:2

Табела: Вардар 27, Академија Пандев 24, Шкупи 17, Македонија Ѓорче Петров 17, Шкендија 15, Силекс 15, Струга Трим Лум 14, Ренова 14, Борец 14, Работнички 10.

Идно коло: Академија Пандев – Работнички, Вардар – Ренова, Шкендија – Борец, Македонија Ѓорче Петров – Силекс, Шкупи – Струга Трим Лум.

Академија Пандев Борец Вардар Прва лига фудбал Шкендија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
shortcut
ФОКУС
May 28, 2026

Американската армија повторно го нападна Иран – Техеран возврати со напад врз Кувајт

ВЕСТИ May 28, 2026

Американската армија синоќа го нападна иранскиот пристаништен град Бандар Абас, а Иран возврати со напад…

Владата го одби предлогот на Филипче за референдум за ЕУ – Нема да трошиме ни време ни пари

May 28, 2026

„Ве молам, помогнете“ – Зеленски му испрати итно писмо на Трамп

May 27, 2026

Албанија незапирливо кон ЕУ – ја отвора и последната фаза од преговорите

May 26, 2026
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.