Browsing: Вардар

Во финалето на годинашното издание на Фајналфор турнирот во Келн, македонскиот првак го совлада унгарски Веспрем со 27:24 (полувреме 16:11). „Црвено-црните“ во полуфиналето беа подобри и од Барселона со 29:27. За најкорисен играч на завршниот турнир во „Ланксес арена“ е прогласен Игор Карачиќ. Во мечот за третото место, Каталонците славеа против Кјелце со 40:35

„Црвено-црните“ по вторпат ги „исчистија“ Каталонците во полуфиналните пресметки во Келн. По триумфот во 2017 година со 26:25, вардарци попладнево повторно го елиминираа шпанскиот гигант со 29:27 и ќе играат против Веспрем во утрешното финале за титула во Лигата на шампиони (18 ч.)

Тимот од Автокоманда во финалето на Фајналфор турнирот во Куманово ги совлада „црвено-црните“ на пенали со вкупни 33:32. Мечот во основниот дел заврши 29:29, на полувреме беше 12:16 за вардарци. Во женското финале, кумановски го поразија ЖРК Вардар со 24:22

„Црвено-црните“ излегоа како севкупни победници во четврт-финалниот двомеч со ПИК Сегед и покрај триумфот на Унгарците на домашен терен со 29:25 (полувреме: 17:9). Залихата што вардарци ја складираа во првиот меч во Скопје, сепак, беше недостижна за составот на Хуан Карлос Пастор во реваншот

Плус осум ќе понесе европскиот првак од 2017 година на реваншот во Унгарија во четврт-финалето во Лигата на шампиони по убедливите 31:23 (полувреме 14:12) во последниот настап на актуелниот состав на „црвено-црните“ вечерва во СЦ „Јане Сандански“

Излез од резултатската криза не донесе ниту тренерската смена (Жикица Тасевски поднесе оставка, Баже Лазаревски го наследи) и по ремито (1:1) против Македонија Ѓ.П., дебармаалци ремизираа и со Беласица (1:1) во 26. коло во македонската фудбалска Прва лига