Browsing: Вардар

Вардар ремизира кај Мешков Брест (31:31) во деветтото коло во групата А во Лигата на шампиони. Бод за „црвено-црните“ осигура Кристијан Дизингер во завршните секунди од средбата. Во наредното коло, на 2 декември, во Скопје ќе гостува Кјелце

Каталонците во „Блауграна“ триумфираа над европскиот шампион од 2017 година со 34:26 (полувреме 16:15) благодарение на фуриозната серија од 7:0 во воведната третина од вториот дел за рутински довршување на работата до крајот

Каталонците го совладаа Вардар со 30:26 во дербито на седмото коло во групата А во ракометната Лига на шампиони и се задржаа како лидери на табелата пред реваншот со македонскиот првак во сабота (19 ч.) вол „Блауграна“

Вардар го совлада Мешков Брест со 30:23 во шестото коло од групата А во ракометната Лига на шампиони. Игор Карачиќ постигна 11 гола за „црвено-црните“ кои наредниот викенд (недела, 17 ч.) ќе бидат домаќини и на Барселона

„Црвено-црните“ попладнево во Штип ја совладаа Победа со 1:0 и ја зголемија предноста на врвот на табелата на четири во однос на Академија Пандев која одигра без голови со тетовци во Турново. Работнички ремизира со Беласица (1:1), резултат со кој завршија и Силекс и Македонија Ѓ.П. во Кратово. Единствено Ренова славеше на домашен терен против Шкупи со 2:0

Тигран Барсегјан погоди во 29. минута, а Владица Брдаревски во 63. минута за четврта победа на „црвено-црните“ во сезоната. Единственото вредно за одбележување од дебармаалци во мачниот за око натпревар се случи во 90. минута во која Петар Петковски ја погоди пречката

Вардар против соседот од Градски парк вечерва од 19 часот на арената „Филип Втори“ во премиерниот меч од шестата рунда во фудбалскиот шампионат на Македонија. Останатите четири меча се закажани за утре попладне од 15.30 часот

Пехчевскиот второлигаш Кит Го ги совлада чаирчани со 2:0 со двата гола на Мартин Стојанов. Скопски Вардар го совлада Вардар од Форино со 4:0, Работнички ја елиминира Фортуна со 6:0, Силекс постигна седум гола против Братство Влазними, најефикасна беше Беласица која го победа Велазерими со 8:0

„Академците“ ја совладаа Беласица со 2:0 во градското дерби на Струмица со двата гола на Марио Крстовски. Скопските „црвено-црни“ за гол подобри од Ренова во Тетово, шампионот, пак, одигра без голови против Македонија на стадионот во Ѓорче Петров