Browsing: Венко Филипче

Како следни приоритети, министерот за здравство ги наведе реконструкцијата на котларата во Специјалната болница за гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ во Скопје и на покривот на Заводот за нефрологија во Струга. Паралелно со тоа е најавен и почетокот на градежните активности во Специјалната болница за респираторни болести во Отешево, изградбата на целосно нова амбуланта во општината Сарај и два целосно нови блока за болните во Психијатриската болница во Демир Хисар

Министерот за здравство истакна дека постојните мамографи се целосно сервисирани и во функција од средината на минатиот месец со што ќе се намали времето на чекање за потребниот преглед, а најави дека во тек е набавката на осум нови уреди

Според министерот за здравство, најголем проблем во однос на невакцинираноста кај нас се децата кои одат во градинка, затоа што кај децата кои ќе тргнат во прво, односно, второ одделение сериозно е висок опфатот со вакцинација