Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филипче: Во тек е трансформација на договорите на сите работници од определено на неопределено време

0
By Нова ТВ on November 22, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, November 22, 2019 14:13

Согласно плановите за вработување во јавните здравствени установи и финансиите со кои располагаат, веќе се спроведува трансформација на договорите на сите здравствени работници од определено на неопределено време.

„Некаде се спроведе или е при крај трансформацијата, некаде сега течат процедурите, а некаде ќе мораме да почекаме да дојде следната година, поради тоа што дел од тие не биле влезени во планот за вработување. Но, остануваме на ветувањето и за сите за кои нема тоа да се случи оваа година ќе се заврши во 2020 година со цел сите вработени во јавното здравство да бидат на неопределено време. За наредната година предвидуваме мерки и политики во насока на унапредување и зајакнување на здравствениот систем преку подобрување на условите во јавните здравствени установи, набавка на медицинска опрема, како и обезбедување лекови“, истакна министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференцијата во Владата за Предлог-буџетот на Министерството за здравство за 2020 година.

Тој посочи дека годинава ја почнале со зголемување на платите на здравствените работници, тренд што ќе продолжи и наредната година.

„Предлог-буџетот на Министерството за здравство за 2020 година изнесува 7,1 милијарда денари што е зголемување за 634 милиони денари за разлика со буџетот за оваа година, Вкупното зголемување на основната плата на лекар специјалист во изминативе две години е 40 отсто, на медицинска сестра е 20 отсто, односно 23 отсто, 40 отсто на наставниот кадар, 25 отсто на општите лекари и 15 отсто на сите здравствени соработници. Со зголемување на сумата пари за дежурства, односно ноќен труд, има здравствени работници, лекари специјалисти кои имаат двојно поголеми плати во однос на 2017 година, рече Филипче.

Во 2019 година, потенцира министерот, биле завршени градежните активности за реконструкција на Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид, а продолжиле и градежните активности во Општата болница во Струмица, како и реконструкцијата и доградбата на Специјалната болница по хирушки болести „Св. Наум Охридски“ во Скопје.

Како следни приоритети тој ги наведе реконструкцијата на котларата во Специјалната болница за гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ во Скопје и на покривот на Заводот за нефрологија во Струга. Паралелно со тоа е најавен и почетокот на градежните активности во Специјалната болница за респираторни болести во Отешево, изградбата на целосно нова амбуланта во општината Сарај и два целосно нови блока за болните во Психијатриската болница во Демир Хисар. За наредниот период се планирани и реконструкции на повеќе јавни здравствени установи, а со средствата во износ од 812 милиони денари ќе продолжи изградбата на новата Клиничка болница во Штип и новиот Универзитетски клинички центар во Скопје.

буџет Венко Филипче договори здравство изградба приоритети реконструкција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.