Browsing: Вилма Русковска

Обвинителката потсети на денот кога сведокот Јордан Камчев (осомничен во ,,Империја”) го пријавил случајот во Обвинителството за борба против организиран криминал и корупција и рече од тоа што го слушнала мислела дека е во некој лош сон. Следното рочиште е закажано за 1 јуни на кое завршни зборови треба да даде одбраната

Првообвинет е Бојан Јовановски – Боки 13, кој во обвинителниот акт се товари дека влијаел кај второобвинетата Катица Јанева, поранешна специјална обвинителка, за бизнисменот Јордан Камчев, осомничен во предметот „Империја”, да добие поблаги мерки во истражната постапка за што во обвинението се тврди дека земал 1,5 милиони евра. Судењето почна на 3 декември лани и уште на првото рочиште третообвинетиот Зоран Милески-Кичеец го призна делото и доби тригодишна затворска казна

Ова го изјави обвинителката Вилма Русковска по денешното сведочење во Кривичниот суд на Михаил Младеновски и референтот за систем и гласање во Собранието, Сашко Коцевски во случајот за упадот и насилствата во парламентот на 27 април во 2017 година

Дали обвинителката ќе вложи жалба, ќе реши по примање на пресудата, но не исклучи можност Кичеец да се појави како сведок по предлог на обвинителството или на одбраната во дополнување на доказна постапка во случајот против првообвинетиот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски и второобвинетата, Катица Јанева.

Со задоцнување од 45 минути, првообвинетиот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски се појави во судницата на Кривичниот суд каде за денеска беше закажано првото рочиште за аферата што ја потресе македонската јавност