Browsing: ВМРО-ДПМНЕ

Ваквата негова реакција доаѓа по, како што напиша, вознемирувачките информации и фотографии за несоодветно третирање на медицински отпад во погони на „Еко Клуб“ во кругот на Металски завод во Скопје и смета дека е голем тест за опозициската партија која, според него, фактите ја поврзуваат со фирмата што го расфрлала медицинскиот отпад

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција предложи да се формира тим од врвни експерти кои што ќе работат на изготвување на законското решение за што ги предложи да бидат вклучени професорите по уставно и казнено право – Владо Камбовски, Гордана Силјановска, Никола Тупанчевски, Гордан Калајџиев, Тања Каракамишева и Гордана Лажетиќ

За денеска е најавена средба помеѓу Бојан Маричиќ од СДСМ и Тимчо Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ и разговори за тоа како да се продолжи со дијалогот. Од опозициската партија ја потврдуваат средбата, но истовремено нагласуваат дека сама по себе не значи дека ќе има договор со власта за законот. Заев потврди дека ќе разговара и со независните пратеници од ВМРО-ДПМНЕ за обезбедување двотретинско мнозинство

Од опозициските кадровски решенија за техничката Влада останува уште Министерството за внатрешни работи. Предлог на ВМРО-ДПМНЕ за позицијата е Драган Ковачки, кандидат што е спорен за СДСМ поради неговиот ангажман во Армијата

За тоа, според претседателот на Собранието, е потребно двотретинско мнозинство што го сочинуваат немнозинските пратеници, најмногу пратеници Албанци и како што нагласи кај нив нема расположение за измени и дополнувања на Законот за јазици