Browsing: Зоран Заев

Владејачкото мнозинство и опозицијата постигнаа договор за усвојување на сите законски предлози од 123. собраниска седница кои се поврзани со примена од 1 јануари, изјави денеска претседателот на Собранието. Запрашан за начинот кој доведе до „примирје“ во Парламентот тој одговори – „прашајте ги Заев и Мицкоски“

Премиерот повтори дека СДСМ сака и се подготвува за избори. Како потврда за тоа ја посочи седница на Централниот одбор на партијата што е закажана за петок, кога треба да се „пресече“ за новиот технички премиер и за дополнителните заменици министри за внатрешни работи и за труд и социјална политика. Но, додаде нема да дозволи интересот на државата да биде доведен во прашање поради нечија скриена агенда која „може да биде дури и легитимна само ако не е на штета на државата и на граѓаните“

Предлог-законот за огласување ништовност и поништување на правни акти, дејствија, мерки и правни последици од постапките за лустрација беше донесен на денешната редовна владина седница

Премиерот најави дека на седниците на Извршниот и на Централниот одбор на СДСМ в петок ќе се разговара за сите политички прашања, ќе се направи рекапитулар на годината, а ќе се разгледуваат и односите со сите во коалицијата, потенцирајќи дека таа донела големи одлуки за државата

За нивната безбедност, според „Ора њуз“ телевизија, се грижат голем број полициски сили. По Драч тие се враќаат во Тирана, каде во хотелот „Рогнер“ ќе го одржат третиот состанок на иницијативата „Мини Шенген“ која има за цел интензивирање на регионална соработка и подобрување на животот на граѓаните

Ова денеска го потврди премиерот Зоран Заев кој, според договореното, ќе се повлече од премиерската функција на 3 јануари. Тој појасни дека во јавноста веќе се споменуваат овие имиња и за него тоа е многу логично бидејќи двајцата според договорот од Пржино заминуваат од Министерствата кои ги предводат

Во интервју за НОВА премиерот Зоран Заев зборува за најновиотѕ развој на настаните околу аферата “Рекет” и за улогата и влијанието на неговиот брат Вице Заев. Интегралното интервју со премиерот Зоран Заев ќе го гледате на нашиот портал во недела

Доколку се потврди дека има спрега меѓу ДУИ и ВМРО ДПМНЕ за блокирање на процесот за враќање на правото и правната држава, гласно ќе кажам, вели премиерот во интервјуто за Нова ТВ што целосно ќе може да го гледате в недела

Со посетата на носачот на авиони „Хари С. Труман“, еден од најимпресивните репрезенти на моќта и на комплексниот систем за ефикасни оперативни задачи за одржување на безбедноста, мирот и сигурноста во светот и со средбата со адмирал Џејмс Фого, ја комплетираме сликата за најмоќната воено-безбедносна алијанса на светот и за припадноста на Северна Македонија во најсилниот систем на колективна безбедност, вели Заев

Брзо по повлекувањето, според високи владини извори, планирано е Заев во својство на лидер на СДСМ да има средба во Софија со премиерот на Бугарија Бојко Борисов на која би требало да се отвори и прашањето околу недоразбирањата во мешовитата македонско-бугарска комисија за историски прашања која на последните состаноци оствари напредок само во делот на средновековната историја, додека ставовите по однос делото на Гоце Делчев остануваат дијаметрално спротивставени.