Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тајмс: Русија киднапира украински деца и ги регрутира во армијата по наполнети 18 години, тврди Кијив

0
By Zoran Ivanov on July 24, 2025 ВОЈНА ВО УКРАИНА, ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, July 24, 2025 18:21

Се проценува дека најмалку 35.000 деца од окупираните територии се насилно одведени во Русија. Дел од нив, откако ќе станат полнолетни, се испраќаат на фронтот да се борат против сопствената земја.

Руските власти систематски киднапираат украински деца од окупираните територии, ги поминуваат низ процес на „превоспитување“ и, откако ќе наполнат 18 години, ги регрутираат за борба во руската армија – понекогаш дури и против сопствените семејства, објави украинската влада, повикувајќи се на документирани докази и сведоштва. Истражувањето пренесено од британскиот весник Тајмс и преведено од Слободен печат, наведува дека оваа програма се води од највисоките ешалони на руската држава и безбедносни служби.

„Целта на Путин е Украина да не постои“, изјави шефот на кабинетот на претседателот Зеленски, Андриј Јермак. „Русија сака да ја уништи новата генерација Украинци, да ги претвори во војници што ќе се борат против сопствениот народ. Тоа е ужасно.“

Кампови, кадетски училишта и бојни линии

Украинските безбедносни служби велат дека од 2014 година до денес се проценува дека најмалку 35.000 деца биле насилно одведени од источна Украина, прво од сиропиталишта и институции, а потоа и директно од нивните семејства – честопати под закана со оружје. По целосната инвазија во 2022 година, програмата станала централизирана и индустријализирана, управувана од Федералната служба за безбедност на Русија (ФСБ).

Децата се испраќаат во логори за „превоспитување“, каде што се индоктринираат и учат борбени вештини. Според Институтот за хуманитарни истражувања на Универзитетот Јеил, дел од овие деца, кога ќе наполнат 17 или 18 години, се префрлаат во кадетски училишта или воени академии, каде што добиваат обука со вистинска муниција и оружје.

„Постои само една причина зошто деца учат да ракуваат со оружје и да возат воени возила – и таа не се однесува на паради“, вели Натаниел Рејмонд, извршен директор на лабораторијата на Јеил. „Ова е индустријализирана програма на трговија со деца, можеби најголемата од Втората светска војна наваму.“

Исповед на преживеан

Влад Руденко, денес 19-годишник, сведочи за својата голгота. Бил киднапиран од руски војници во Херсон во 2022 година, кога имал само 16 години. Прво бил испратен во логор на Крим, а подоцна во воено училиште каде што секојдневно имале физички тренинг, обука за пукање и задолжително пеење на руската химна.

„На 16 и 17 години ни даваа пушки за вежбање. Постарите користеа вистинска муниција. Стравував дека ќе не пратат во битка – и тоа можеше да ми се случи ако не избегав“, вели Руденко, кого мајка му успеала да го врати назад преку линијата на фронтот.

Цинична размена: деца за заробеници

Украинскиот претседател Зеленски ја постави судбината на овие деца како црвена линија во секој мировен процес. Тој ја покрена кампањата „Вратете ги децата назад“ и најави дека враќањето на секое дете ќе биде предуслов за било каков договор со Русија.

И покрај тоа, Москва неодамна предложила размена на киднапирани деца за руски воени заробеници – што Киев категорично го одбил. „Тоа би значело претворање на децата во преговарачки чипови, во заложници“, предупредуваат украинските власти.

Меѓународна осуда и налог за апсење

Во март 2023 година, Меѓународниот кривичен суд издаде налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин и неговата комесарка за правата на децата, Марија Лвова-Белова. Обвинети се за незаконско депортирање на деца и кршење на Женевската конвенција.

„Се соочуваме со кампања која не само што е воено злосторство, туку и форма на културен геноцид“, вели Рејмонд. „Ако ме прашате, ова е една од најстрашните злоупотреби на деца во современата историја.“

Линк

војници деца киднапира Русија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.