Претседателот на Собранието, Талат Џафери денеска ја прими титулата почесен граѓанин на Општина Лежа во Република Албанија.

„Особено сум почестен и горд што денеска ја примив титулата Почесен граѓанин на Општина Лежа. Уште еден симбол за мостовите и нераскинливите врски кои ги негуваме со Република Албанија“, посочува Џафери во објавата на својот фејсбук-профил.