Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Талат Џафери: Законот ги диктира моите одлуки

0
By Нова ТВ on February 5, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Уставот е јасен, вели претседателот на Собранието, укажувајќи на законските рокови за сите изборни дејства. Тие рокови не може да се кратат, дециден е Џафери. Битката за последниот предлог на закон за Јавното Обвинителство, чие неусвојување лидерот на СДСМ го стави во директна корелација со можноста парламентот да не се распушти на 12 февруари, нема да може да се води преку скратување на законските рокови предвидени за изборниот процес.

Ваквиот заклучок произлегува од законски пропишаните рокови кои не може да се скратат од 60 на 45 дена, со цел парламентарниот состав да добие дополнителни 15 дена за работа, како што се заложи Заев. На таквите аспекти укажува претседателот на Собранието, Талат Џафери, во разговор за „Дојче веле“. Тој потсетува и дека сè уште не е завршена 108-та собраниска седница од 27 август лани, на чиј дневен ред остана претходната верзија на предлог-закон за Јавното Обвинителство. За тој предлог беа поднесени 50-тина амандмани, а десетина беа усогласени во Комисијата за европски прашања.

„Ако го усогласат тој текст, таа седница може да продолжи. Но, ако достават и нов предлог, не е спорно веднаш да свикам нова седница, бидејќи ние сме во постојано заседание, и кога станува збор за итни потреби ќе биде пуштен по скратена постапка“, вели претседателот на Собранието.

Нема играње со законските рокови

Но, Џафери не се согласува дека парламентот за дополнителна работа може да „украде“ 15 дена од законски предвидените 60 за изборниот процес.

„Лидерите на парламентарните партии заедно се договорија да се одржат избори на 12 април, и тогаш знаеја кои закони се битни за донесување пред да се распушти парламентот. Сега во последен миг се пласираат идеи кои се косат со законските рокови за изборните дејства. Уставот е јасен: избори за пратеници во Собранието се одржуваат во последните 90 дена од мандатот на стариот пратенички состав или во рок од 60 дена од денот на распуштањето на Собранието. Институциите треба да работат според закон, а не според желби. И јас сум член на партија, и на партијата и кажувам какви се роковите. Не е дека сакам да опонирам, туку мора да ги почитувам нормите”, вели Џафери.

Фото: faktor.mk

Според него, тие 60 дена се исполнети со изборни дејства, за кои роковите не може туку така да се кратат. Дури и парламентарните партии да се договорат зa одложување на распуштањето на парламентот за неколку дена, прашање е што со вонпарламентарните партии?

„Како претседател на Собранието јас потпишувам индивидуален правен акт за распишување на изборите, по што почнуваат да течат роковите за спроведување на изборните дејствија. Вонпарламентарните партии може формално да го оспорат мојот акт, затоа што не е обезбеден законскиот рок за изборни дејства“, потенцира Џафери.

Ако евентуално и има простор да се скрати рокот за увид во Избирачкиот список од 20 на 15 дена, за другите изборни дејства тоа е невозможно.

„Може ли да има независни листи,кои имаат временски рок за собирање потписи? – Може. Како ќе им го скратите тој рок? – Тука се и законски определените рокови за жалбени постапки до ДИК, до Управниот и до Вишиот управен суд. Можете ли ним да им речете дека денеска мора да донесат одлука? – Не. Има роковник, кој точно ги овозможува сите неопходни дејства. И оној рок од 51 ден кој го споменувам како минимален за реализирање на изборните дејства, е речиси на граница на ризик „до минута“. Што ако падне елeктронскиот систем на ДИК? – Нема да може да ги прими листите“, предупредува претседателот на Собранието и порачува дека е должен да го спроведува она што го диктира законот.

Без консензус

Законот за ЈО и натаму останува камен на сопнување меѓу власта и опозицијата. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вчера изјави дека неговата партија не е против закон за Јавно обвинителство, туку е против партиски закон со кој ќе се заштити криминалот. Тој предложи законот да биде напишан од експерти по уставно и казнено право.

„Секое законско решение мора да биде производ на консензус, но и во дослух со експертската јавност. Законот што експертите ќе го предложат, ВМРО-ДПМНЕ безрезервно и без двоумење ќе го прифати“, рече Мицкоски, кој предложи тим од шест експерти кои би работеле на законот.

Овој предлог на опозицијата не беше прифатен. Од Министерството за правда одговорија дека законот се изготвувал долг временски период од работна група во која учествувале домашни експерти, научната јавност, јавни обвинители, странски експерти, па дури и странски јавни обвинители кои давале сугестии и мислења.

„Законот е уште на маса и ако ВМРО-ДПМНЕ сака да учествува во процесот, ги повикуваме да подготват амандмани на овој текст. Сè друго е алиби за недонесување на законот и за избегнување на правдата“, одговорија од Министерството за правда.

Закон за ЈО избори распуштање рокови Собрание Талат Џафери
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.