Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Талески од притвор распишал конкурс за директор на ЈKП „Нискоградба“

0
By Нова ТВ on September 8, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, September 8, 2016 20:57

Градоначалникот на општина Битола Владимир Талески кој веќе трет месец е во притвор како осомничен за криминални зделки со училишниот превоз во Битола, од дома распишал конкурс за директор на јавното комунално претпријатие „Нискоградба“.

На интернет-огласникот „Најди работа“ на објавен е оглас  во кој стои дека градоначалникот на Општина Битола распишува јавен конкурс за ова работно место. Кандидатите комплетната документација треба да ја достават до архивата на Општината Битола или со препорачана пошта до градоначалникот, а огласот истекува утре.

Советничката во Советот на Општина Битола од ВМРО-Народна партија, Габриела Илиевска, за НОВА вели дека сите дејствија што ги презема Талески во овој момент од притвор се противзаконски.

-Се што ќе направи во овој момен Талески е спротивно на закон. Талески од домашен притвор продолжува со беззаконието. Дали ако наместо куќен, добиеше притвор во Шутка,таму ќе ги повикуваше кандидатите за интервју пример во случајот за директор на КЈП „Нискоградба“, вели Илиевска.

Советничката пред неколку месеци обвини дека Талески незаконски на чело на јавното претпријатие „Нискоградба“ го поставил се уште актуелниот директор Кире Крстевски, кој двапати едноподруго добил незаконско решени за вршител на должност.

По тримесечниот притвор на Талески, Илиевска се уште чека одговор на нејзиното барање упатено до Специјалното јавно обвинителство, Основниот суд Скопје 1, Апелацискиот суд во Скопје и до Собранието за правно толкување дали Талески од дома смее да раководи со Општината.

Општината не открива дали Талески потпишува документи од притвор 

НОВА иако неколкупати побара општината да одговори кој  ја потпишува целата документација потребна за функционирање на општината, оттаму одбиваат директно да одговорат на нашите прашања.

Како редакција упорно повеќе од еден месец бараме одговори од општина Битола, како Талески од притвор раководи со општината, но засега единствениот одговор кој го добивме гласи:

„Во врска со Вашето прашање кое се однесува на потпишување на договорите во општината, Ве известуваме дека надлежностите на општините се уредени според членовите 20, 21, 22,23 и 24 од Законот за локална самоуправа. Органи на општините согласно член 31 од истоимениот закон се Советот и Градоначалникот. Притоа, надлежноста на Советот на општината е уредена со член 36 од овој Закон, додека надлежностите на градоначалникот се уредени со член 50“

Нејасно е зошто оттаму добиваме објаснувања за членовите на законите кои се општо познати, наместо директен одговор на прашањето – кој е потписник на договорите, дали тоа е Талески или некој друг, и доколку е Талески, кој му ги доставува документите дома и на кој начин.

Општина Битола, минатата недела потпиша милионски договор за изградба на северната трибина на градскиот стадион „Тумбе кафе“. Договорот е склучен на 23 август, а беше објавен на 1-ви септември на интернет страната на Бирото за јавни набавки. Тендерот во вредност од 5 милиони и 400 илјади евра го доби градежната фирма „Гранит“ од Скопје.

Според Законот за локална самоуправа и Статутот на општина Битола, градоначалникот во рок од 60 дена по неговиот избор, треба да назначи заменик во случај тој да биде привремено спречен да ја извршува функцијата.

Сепак, советниците од другите партии обвинуваат дека Талески не назначил свој заменик.

Талески и уште 22 лица се осомничени за злоупотреба на службената положба и проневера на 360 000 евра во случајот „Транспортер“, кој го отвори Специјалното обвинителство.

ЈКП Нискоградба општина битола СЈО Талески транспортер
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.