Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Таравари: Избори на крајот на јули или на почетокот на август

0
By Нова ТВ on May 11, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Избори кон крајот на јули или почетокот на август, за доброто на граѓаните. Со ваков став Алијансата за Албанците ќе оди на лидерската средба кај претседателот Стево Пендаровски, истакна вечерва генералниот секретар на партијата и градоначалник на општина Гостивар, Арбен Таравари.

„Прифатлив датум за избори за Алијансата на Албанците е крајот на јули или почеток на август. Годинава ретко некој ќе оди надвор на одмор, дури и туристичките места ќе бидат лимитирани со бројки. Се надевам дека ќе најдеме заедничко решение, бидејќи предлогот на СДСМ е некоректен, зошто Европската унија по 15 јуни ги отвора границите. Тоа нема да биде коректно кон граѓаните кои работат во странство и нема да може да дојдат да гласаат“, рече Таравари во емисијата „Отвореното студио“ на ТВ 24.

За Алијансата за Албанците, посочи тој, не е проблем да се оди на избори и за 10 дена, но, додаде, „поради коронавирусот сметаме дека избори и кампања треба да има во периодот кога има највисоки температури, односно на крај на јули или на почеток на август“.

„Ако се организира кампања, тоа значи отворање на ново жариште и нов бран кој ќе биде полош“, рече Таравари и како пример ја даде Франција, каде, како што истакна, многумина се заразиле на изборите на почетокот на епидемијата, а повеќето од нив и починале.

Според него, тестирањето кај пациентите за присуство на коронавирусот е мало и мисли дека е тоа намерно зашто, како што посочи, некако се брза да се оди на избори.

Таравари смета дека џамиите треба да се отворат откако ќе се дадат одредени препораки и протоколи како да се однесуваат граѓаните, но потенцираше дека утре нема да оди во џамија.

„На почетокот на пандемијата требаше да бидеме рестриктивни, а сега треба да се вратиме во нормала и мора да живееме со вирусот. Властите дури и претеруваат со ограничувањата, а Македонија и Албанија се меѓу најрестриктивните земји“, потенцира Таравари.

Алијанса за Албанците Арбен Таравари избори Македонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.