Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари го посети Ласкарци, селото во чија близина се случи тешката сообраќајна несреќа на 13 февруари во која животот го загубија 15 лица, а 38 се здобија со повреди. За несебичната помош и залагање во обидот за извлекување на лицата од превртениот автобус на „Дурмотурс“, тој истакна голема благодарност до жителите и вети помош од општината.
„Демонстриравте храброст и одлучност. Со вашиот однос одржавте лекција по хуманост и солидарсност. Вие сте херои“, рече Таравари пред присутните.
Првиот човек на Гостивар ја искористи прилика да упати барање до надлежните институции за утврдување на причините за тешката сообраќајна несреќа и нејзино целосно расветлување.