Енди Мареј ја дочека својата прва титула во 2017 година, вкупно 45 во кариерата. Британскиот тенисер ја освои во Дубаи по победата во финалето против Фернандо Вердаско со 6:3, 6:2.
Мареј ја оправда фаворитската улога што ја имаше пред почетокот на натпреварот иако воведот упатуваше на, можеби, неизвесно финале. Шпанецот направи брејк уште во првиот гем што го повтори и во третиот. Продолжението, сепак, мина во знак на првиот најдобриот тенисер за 2016 година кој освои пет гема едноподруго и со 6:3 и водство од 1:0 во сетови.
Вториот сет донесе уште поголема рутина. Британецот направи брејкови во третиот и во седмиот гем за комплетирање на лесниот триумф во Обединетите Арапски Емирати, негов 13 во 14 судири со Вердарско.
АТП Дубаи – Серија 500 – награден фонд 2,429.150 милиони долари
Финале: Мареј (В. Британија) – Вердаско (Шпанија) 6:3, 6:2