Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тенис: Стечајниот суд во Лондон прогласи банкрот на Борис Бекер

0
By Нова ТВ on June 22, 2017 СПОРТ
Фото: ubitennis.net
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Стечајниот суд во Лондон прогласи банкрот за Борис Бекер. Изрекувањето на мерката дојде како последица на одбиеното барањето на неговиот адвокатски тим за добивање на нова шанса за подмирување на долгогодишниот долг.

Како што пренесува агенцијата „Асошиејтед прес“, судијката Кристина Дерет одбила да даде дополнителни 28 дена за легендарниот германски тенисер за покривање на обврските кон приватната банка „Арбутнот Лејтам“ за долг од четири милиони евра од 2015 година.

„Во 11.23 часот прогласив банкрот. Стекнав впечаток дека тоа е човек што ја зарил главата во песок“, изјави судијката Дерет која, како што наведе, при носење на одлуката се присетила и на неговите одлични партии на Вимблдон, но немала доволно докази дека неговите доспеани обврски ќе бидат „испеглани“ во блиска иднина.

Правнитот тим на Бекер понуди опција за рефинансирање на аранжманот како и хипотека на сопственост на недвижнини на Мајорка како еден од начините за прибавување на шест милиони евра. Но, таквиот предлог е одбиен во Стечајниот суд Лондон од каде истакнаа и дека очекуваат од шпанската банка да овозможи располагање со тие пари во рок од еден месец.

Бекер (49) моментно живее во Лондон и по разделбата со Новак Ѓоковиќ работи како коментатор на „Евроспорт“. Германецот се наоѓа на петтото место на вечната листа на тенисери според заработувачка од настапи на турнирите. Во кариерата инкасира преку 110 милиони евра, факт што дополнително зачудува за неговиот банкрот.

Банкрот Борис Бекер Лондон Стечаен суд тенис
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.