Новак Ѓоковиќ и Симона Халеп се прогласени за најдобри тенисери во 2018 година во изборот на Меѓународната тениска федерација (ИТФ). За Србинот ова е шесто признание во кариерата за што најголема заслуга има фантастичниот кам-бек на АТП турот по операцијата пришто успеа да освои и две гренслем титули и се врати на врвот на светската ранг листа.
„Почестен сум што повторно го добив ова признание на ИТФ. Особено сум горд по сето она што го минав оваа година, но дел од мене секогаш веруваше дека можам да се вратам на врвот“, изјави Ѓоковиќ кој се израмни со Пит Сампрас по бројот на признанијата на ИТФ.
Халеп, пак, во 2018 година го освои Ролан Гарос и играше финале на Австралија опен и мина 40 недели на првото место на ВТА листата.