Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тетово на нозе: Вардар ѝ гостува на Шкендија

0
By Нова ТВ on October 23, 2016 СПОРТ
Фото: fkvardar.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, October 23, 2016 13:02

Шкендија е домаќин на Вардар, попладнево, во големото дерби на фудбалското првенство на Македонија. Натпреварот почнува во 14,30 часот и од конечниот исход ќе зависи и врвот на табелата. Вардарци пристигнаа во Тетово како лидери со два бода повеќе од домашната екипа. Во случај да останат да победат или ремизираат ќе останат и на највисокото место во конкуренција. Ако, пак, тетовци ги освојат трите бода, ќе бидат водечки во шампионатот по 11 одиграни кола. Главен судија на средбата е Александар Ставрев.

Денешниот меч ќе биде 42 меѓу „црвено-црните“ од Скопје и Тетово, најголеми ривали за титулата во оваа сезона. Бројките одат на страна на Вардар кој има 19 победи, Шкендија има 14, а пет меча завршија со нерешен резултат со вкупно гол-разлика од 55:37 во корист на тимот на чија клупа во моментот е Гоце Седлоски.

Вардарци немаат пораз во петте последни дуели со Шкендија. Во претходните два ги освоија бодовите и без примен гол. Првата пресметка во оваа сезона на „Филип Втори“, бранителот на титулата ја доби со убедливи 3:0, а со 2:1 славеше и при последното гостување во Тетово во октомври во 2014 година.

Она на што упатува статистиката е дека само еден натпревар на градскиот стадион под Шара завршил 0:0. На сите останати бил постигнат барем по еден гол што е доволна гаранција дека судирите меѓу овие два клуба носеле интересни фудбалски претстави, возбудувања и голови како што се очекува да биде и денеска.

Во останатите четири средби од 11 коло ќе играат: Работнички – Шкупи (арена „Филип Втори“ во Скопје), Брегалница – Пелистер (градски стадион во Кочани), Македонија Ѓ.П. – Ренова (стадион во Ѓорче Петров) и Победа – Силекс (СРЦ „Билјанини извори“ во Охрид). Почетокот на сите мечеви е во 14,30 часот.

Табела: Вардар 22, Шкендија 20 (-1 меч), Работнички 16, Пелистер  15, Ренова 15, Шкупи 10 (-1), Силекс 10, Победа 9, Брегалница 7, Македонија Ѓ.П. 6.

 

 

 

Вардар Дерби Прва лига Шкендија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

Избори во Израел: Израел: Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

Избори во Израел: Израел: Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.