Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тевдовски: Рекордни 2,4 милијарди евра извоз во Германија

0
By Нова ТВ on June 2, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, June 2, 2018 11:32

Трговската размена со Германија во минатата година изнесувала 3,2 милијарди евра од кои 2,4 милијарди евра се извоз од Македонија што претставува историски највисоко ниво, а позитивниот тренд со 16 проценти раст продолжил и во првите три месеци од 2018 година. Соработката, сепак, може уште повеќе да се развива преку иницијативи за поврзување на компаниите, истакна министерот за финансии Драган Тевдовски на бизнис приемот, организиран од Фондацијата „Фридрих Еберт“, Министерство за финансии и Град Скопје.

„Традиционално македонско-германската економска соработка е силна. Германија е најзначајниот партнер на Македонија во стоковата размена. На наше големо задоволство, кај трговската размена имаме нагорен тренд. Имено, во 2017 година имаме историски највисока размена во износ од 3,2 милијарди евра, односно раст од скоро 13 проценти во однос на претходната година. Имаме и највисока стапка на раст на извозот кон Германија од 2,4 милијарди евра, или 15 проценти повисока во однос на 2016 година. Овој тренд продолжува и во првото тримесечје од 2018 година со раст од 16 проценти“, истакна министерот за финансии, Драган Тевдовски во своето обраќање.

Како што посочи Тевдовски, инвестициите од Германија во последните десет години изнесувале околу 250 милиони евра, но потенцијалот е многу поголем за вложување на германските компании во земјава. Министерот рече дека Македонија може да понуди квалификувана работна сила и добра бизнис клима.

Тевдовски истакна дека и токму ваквите иницијативи, како Бизнис приемот, се добри за продлабочување на соработката. Во обраќањето ги истакна напорите на Владата за евроинтеграциските процеси и спроведување на реформите.

„Владата посветено работи на приклучувањето на Македонија кон Европската унија. Работиме на реформскиот процес, имаме стратегија и план за реализација, а за само една година имаме и конкретни резултати и крупни промени. Од аспект на јавните финансии, Македонија е лидер во реформите од сите земји аспиранти за членство. Тоа беше констатирано и истакнато минатата недела во Брисел на Економско-финансискиот дијалог помеѓу ЕУ и земјите од Западен Балкан и Турција“, рече Тевдовски.

Тевдовски истакна дека транспарентноста е значително зголемена, јавниот долг е ставен под контрола, додека инвеститорите ја вратиле довербата во македонската економија.

Бизнис форум Германија Драган Тевдовски Македонија Трговска размена
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.