Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тимоние: Преговорите со ЕУ треба да се одраз на заслуги за успех и за вас и за Европа

0
By Нова ТВ on December 17, 2019 ПОЛИТИКА
Фото: portalb.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Отворањето на преговори за членство во Европската Унија треба да е одраз на заслуги за да има успех и за вас и за Европа. Не е целта само да се почнат преговори, туку сите точки да ги исполните, да ги реализирате и Македонија да почне преговори. Ова денеска го истакна францускиот амбасадор Кристијан Тимоние на новинарско прашање за почетокот на преговори на С. Македонија со ЕУ по одржаното предавање пред студентите на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово на тема „Надворешната политика на Франција“.

„Наша цел е да стремиме кон креирање на независна Европа која што ќе соработува со сите земји членки. Исто така и со сите држави на целиот свет. Со цел што повеќе да се интегрираме и соработуваме“, рече амбасадорот околу надворешната политика на Франција.

Амбасадорот на Франција порача дека има одлични услови и стипендии за учење француски јазик во неговата земја, а се прават обиди да има добри можности за тоа и на македонските универзитети. На средба со раководството на УЈИЕ се разговарало токму за поинтензивна соработка и околу студии по француски јазик.

„Бевме активни на почеток на создавање на Универзитетот и сега сакаме да се посветиме на УЈИЕ со нашите активности. Тоа е дел од стратегијата на Франција за ангажирање на Балканот. Успеавме од 20 да достигнеме до 40 студенти што изучуваат француски јазик. Се студира француски истовремено и на други студии, на пример, по право, и тоа е добро и за нас и за вас. Ние имаме студенти Македонци кои се мошне успешни во Франција, па го поставувам прашањето зошто да немаме студенти Албанци кои ќе имаат успех, исто така, во Франција. Има стипендии и други услови, зошто да не се користат. Гледаме дека има заинтересираност од надлежните на Универзитетот во рамки на програмата „Еразмус“, а пример за тоа е Универзитетот во Лил“, истакна Тимоние.

На УЈИЕ редовно се одржуваат предавања од страна на амбасадорите. Минатиот месец предавање имаше американската амбасадорка, Кејт Мери Брнз.

ЕУ Кристијан Тимоние Македонија преговори Франција членство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.