Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Титаник 2“: Груевски и Тодоров го информираат Латас за договорено гласање во ДИК

0
By Нова ТВ on December 24, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На денешното рочиште за случајот „Титаник 2“ за изборни нерегуларности на локалните избори во 2013, беа слушнати неколку телефонски разговори каде главниот соговорник во разговорите е Драган Павловиќ Латас, а негови соговрници се Никола Груевски, Никола Тодоров и Јованче Ангеловски. Темата на разговор е гласањето на ДИК по приговорите поднесени за гласањето во Струмица по локалните избори во 2013 година.

Во “бомбите” се слушна како поранешниот премиер Никола Груевски и новинарот Драган Павловиќ Латас на 28.03.2013 година разговараат за тоа дека има повторно гласање на неколку места во Македонија. Во друг разговор наредниот ден поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков му вика на новинарот Латас дека од „нешто треба да прават драма три дена“, на што Латас пак вели дека ќе “видиме колку сега Заев кошта”.

Во наредниот раговор помеѓу двајцата соговорници разговорот е на истата тема, при што Груевски му вели на Латас:” Договараме со ДПА да не поддржат па да го заебеме Заев”‘

Латас пак му вели дека договорот со ДПА може да ги чино скапо, и подобро е да бидат во ситуација во која ќе можат да кажат дека не правеле пазар и се со чист образ.

Од аудио разговорите можеше да се чуе и како разговараат Латас и екс министерот Никола Тодоров. Тодоров му вика на Латас дека „драма се случува во ДИК“ и “за Кичево и Струмица да се зборува цела недела, бидејќи „се случил мега скандал кој Латас треба да го објави“.

Наредните разговори меѓу Латас и Тодоров се клучни, бидејќи зборуваат за тоа како Заев ја изгубил Струмица бидејќи ДПА се договориле со ВМРО-ДПМНЕ и гласале за нив.

Тодоров му се јавува на Латас да го информира за гласњето во ДИК и му вели дека „ДПА во ДИК гласаше за нас, а ДУИ  за СДСМ”.

-Падна Струмица, ги поебавме во задна минута. ДПА гласаа за нас, паѓа Заев, возбудено му вели Тодоров на Латас, кој исто така се радува од она што го слуша.

-Друже Лаки, пала Струмица! Ова е туш, ние гласавме за нас а и ДПА, 4:3. Настана штама кога сфатија што се случува. Јасно им беше дека се договоривме со ДПА, вели Тодоров.

Потоа повторно го озборуват Црвенковски, потсмевајќи се дека на концерт на Бибер оделе тинејџери кои се уште немаат лична карта.

-Он ќе решавал име. Он Кичево го продаде ,во Виена е. Дај да му се јавиме ха ха, продолжува разговорот на Тодоров и Латас.

Денешните разговори се предложени од Специјалното јавно обвинителство кои се “реплика” на доказите на обвинетите, а се однесуваат на гласањето во ДИК, во Кривичен продолжува судењето за предметот “Титаник 2”.

Случајот “Титаник 2“ се наоѓа во доказна постапка и се однесува на изборни нерегуларности на локалните избори во 2013 година. Во „Титаник 2“ обвинети се лидерот на ДПА, Мендух Тачи, поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, како и поранешните членови на ДИК, Бедредин Ибраими, Анета Стефановска, Влатко Сајковски и Сашо Срцев.

 

Груевски Дик ДПА Латас Титаник 2 Тодоров
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.