Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ТНТ: Уште нема одлука од Врховен за изземањето на судиите

1
By Нова ТВ on April 13, 2018 ПОЛИТИКА
Фото МИА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, April 13, 2018 13:29

Рочиште за случајот „ТНТ“ на СЈО, што беше закажано за денеска напладне, се прекина кратко по неговото започнување, а причина за новото одложување на расправата, како што наведе судијата Огнен Ставрев е тоа што се уште нема одлука од Врховниот суд за изземање на Судечкиот совет во овој предмет.

Следното рочиште судијата Ставрев го закажа за 4 мај, во 11 часот.

Изземањето на претходното рочиште, што се одржа на 5 април, го побара одбраната на обвинетите Никола Груевски, Миле Јанакиески и Тони Трајковски.

Барањето, како што образложија адвокатите, е поради тоа што специјалната јавна обвинителка Катица Јанева дала изјава на национална телевизија дека има судии кои постапуваат по предмети на СЈО, а биле прислушувани.

Одложувањето на денешното рочиште беше извесно, бидејќи, како што соопштија од Врховен вчера за НОВА од Кривичниот суд добиле некомплетен предмет за барањето за изземање поради што испратиле писмо до првостепениот суд за комплетирање на предметот.

На денешниот претрес во судот беа присутни обвинетите Груевски, Јанакиески и Трајковски, како и оштетениот Фиат Цаноски.

Случајот „ТНТ“ се однесува на уривањето на комплексот „Космос“ на бизнисменот и претседател на Партијата за европска иднина (ПЕИ), Фијат Цаноски, во кој се обвинети поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за траснпорт и врски Миле Јанакиески, поранешниот градоначалник на општина Гази Баба Тони Трајковски, градежна инспекторка од Гази Баба и тројца членови на општинската комисија за набавки.

Според обвинителниот акт, со постапката на уривање е предизвикана штета од 16 милиони евра, а дополнително на буџетот на општина Гази Баба уште три милиони денари.

Цаноски и фирмата ФИМЕТ најавија дека ќе поднесат побарувања за причинетата штета.

Инаку, освен во „ТНТ“, одбраната на обвинетите во случаите на СЈО побара изземање и на судечките совети во предметите „Тенк“, „Титаник“ и денеска во „Транспортер“.

Во врска со барањето за изземање на судиите во „Титаник“, што беше поднесено вчера, судијата Осман Шабани, соопшти дека барањето ќе го испрати во Апелацискиот суд Скопје, а оттаму најверојатно ќе биде препратено на одлучување во Врховен.

За разлика од „ТНТ“ и „Титаник“, Судечкиот совет во случајот „Тенк“, со кој претседава судијката Добрила Кацарска, во вторникот, неделава реши да го отфрли барањето на адвокатот Димитар Дангов за изземање на советот и на претседателите и на замениците-претседатели на Кривичниот и на Апелацискиот суд.

Кацарска, го отфрли барањето на Дангов како недозволено, повикувајќи се на член 35 став 5 од Законот за кривична постапка, според кој „за претседателот на судот не може да се поднесе барање за изземање, освен кога тој постапува како судија, а за неговото изземање одлучува претседателот на непосредно повисокиот суд.

барање Врховен суд изземање Кривичен суд одложено рочиште ТНТ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
ФОКУС
January 28, 2026Updated:January 28, 2026

Работниците до владата на Мицкоски: Нашата борба продолжува!

ВЕСТИ January 28, 2026

Работниците побараа до крајот на идната недела пратениците да изгласаат зголемување на минималната плата. Пред…

ССМ протест – Пешевски: Генерален штрајк во приватен сектор за првпат во историја на Македонија! Не сме роботи, храниме фамилии!

January 28, 2026

Скопје: СДСМ и Левица го поддржуваат протестот и барањата на работниците

January 28, 2026

ССМ денеска на протест за зголемување на минималната и сите останати плати

January 28, 2026
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.