Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Томиќ кон новинарите: Сонувајте за автомобили и куќи што ги купувам

0
By Нова ТВ on July 21, 2017 СПОРТ
Фото: smh.com.au
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, July 21, 2017 23:27

Му предвидуваа светла кариера, некои во него гледаа и како евентуален предводник на новата генерација на тенисери, но Бернард Томиќ е пред истек на сопствениот рок на траење на АТП турот иако има само 24 години. Народот често знае да каже „до главата е“, фраза што одлично се надоврзува во случајот на Австралиецот со хрватски корени.

Не постигна резултати ни приближно до прогнозите и очекувањата, а „ѕвездата“ му згаснува. Процесот на негово тениско помрачување трае со месеци наназад. Со неколкуте испади при настапите одеше на нерви на публиката, на неутралните љубители на „белиот спорт“ и на страсните зависници. Се бараше соодветна реакција и од ИТФ и од АТП за недозволивото однесување на Томиќ за време на мечевите, за ноншалантноста, за бранење на противнички сервис со рачката од рекетот што се коси со етичките тениски и, пред се, спортски вредности.

Изборот на начини да изведува или, подобро речено, да се глупира во стилот „ми се може“ со кои требаше да се направи важен и да си даде до значење го направија еден од најнеомилените ликови на АТП турот. За запазување на статусот на професионалец да не говориме.

https://www.youtube.com/watch?v=iWmqjwB4TKE

Највисоката позиција што ја дофати на АТП ранг листата беше 17., сега е пат да падне под 60. место со тенденцијата на уште поголем надолен тренд. Во 2011 година стигна до четврт-финале на Вимблдон во кое играше со Ѓоковиќ, оваа година беше елиминиран во првото коло со изговор дека му е сеедно. Заработените пет милиони ева од настап на турнирите му удрија во глава без слава на момчето што не е на висина ниту на чорапите на големата четворка (Мареј, Надал, Федерер и Ѓоковиќ) во моментот.

„Досадно ми беше на теренот. Не знам зошто, но немам мотиви повеќе во тенисот. Сеедно ми е дали држам пехар во рака и играм добро или ќе загубам во прво или четврто коло на гренслем турнир“, рече „големиот“ Томиќ кој притоа не пропушти, како и претходно, да истакне дека заработил многу пари.

Австралискиот Хрват има неколку престапи и надвор од тениските терени. Неколку пати бил казнуван за управување на автомобил без возачка дозвола и други сообраќајни прекршоци, а двапати му беше покажана излезна врата од Дејвис куп репрезентацијата. Без афери не е ниту неговиот татко кој знаел физички да се пресмета со тренерите на „ѕвездата“.

Фото: sydneyinternational.com.au

Томиќ ги дочекува критиките во јавноста и од новинарите со смеење и возвраќа со провокација.

„Знам дека по тениската кариера ништо нема да морам да работам. Веројатно не ме сакате, но можете само да го сонувате она што јас успеав да го направам на 24 години. Можете да ги сонувате автомобилите и куќите што веројатно ги сакате додека јас ги купувам“, гласи само еден од контранападите на тенисерот.

АТП тур Бернард Томиќ Кариера Милиони тенис
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

АНБ во решителна акција против руска пропагандна: Потврда на заканата за која ЦИВИЛ предупредува со години

October 1, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

September 30, 2026

Од Алфа до Алта: ЦИВИЛ МЕДИА ја следи политиката зад банкарските преземања

September 30, 2026

Петмина приведени во антитерористичка акција во Скопје, тројца под истрага, пронајдени оружје и материјали на „Исламска држава“

September 29, 2026

85 години од Бабин Јар: Сеќавање на жртвите на Холокаустот и опомена против омразата и заборавот

September 29, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

АНБ во решителна акција против руска пропагандна: Потврда на заканата за која ЦИВИЛ предупредува со години

October 1, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

September 30, 2026

Од Алфа до Алта: ЦИВИЛ МЕДИА ја следи политиката зад банкарските преземања

September 30, 2026

Петмина приведени во антитерористичка акција во Скопје, тројца под истрага, пронајдени оружје и материјали на „Исламска држава“

September 29, 2026

85 години од Бабин Јар: Сеќавање на жртвите на Холокаустот и опомена против омразата и заборавот

September 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.