Вчеравечер во скопската населба Кисела Вода, 70-годишна жена и малолетник паднале од тераса на зграда. Жената починала на лице место, а малолетникот е пренесен на Ургентен центар.
„Вчера во 19.40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на територија на Кисела Вода две лица (70-годишна жена и малолетник) паднале од висина (од зграда). Жената починала на местото на настанот, а малолетникот е пренесен во Ургентен центар за укажување на помош“, информираат од МВР.
Причините за овој трагичен настан се уште не се познати, се преземаат мерки за расчистување на случајот.