Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Трајановски до Шилегов: Јас не избркав никого, искористете ги

0
By Нова ТВ on October 25, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Новиот градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов денеска ја презеде градоначалничката функција од досегашниот градоначалник Коце Трајановски кој раководеше со главниот град во изминатите осум години.

– По долги години успеавме Скопје да го вратиме на граѓаните. Скопје повторно ќе биде град на хуманоста и град на солидарноста. Македонија конечно доби главен град којшто ќе ги поврзува граѓаните и ќе работи за нив. Новата градска администрација што ќе ја предводам, ќе го продолжи принципот на одговорност, инклузивност и отчетност што го воспостави Владата предводена од СДСМ. Ќе работиме во интерес на сите граѓани без разлика на нивното место на живеење, нивната етничка или партиска припадност, истакна Шилегов, додавајќи дека сите одлуки ќе се носат заедно со граѓаните, граѓанските здруженија и стручната јавност.

Досегашниот градоначалник Трајановски му посака на новиот градоначалник успешна реализација на сите проекти од изборната програма и искористување на постоечките капацитети на државните службеници кои работат во Град Скопје.

– На Шилегов му посакувам сѐ што вети да го исполни и да ги заврши дел од почнатите досегашни проекти. Јас не избркав никого, Шилегов треба да ги искористи капацитетите на градската администрација, рече Трајановски после примопредавањето на функцијата.

Како приоритетно прашање на кое ќе работи Шилегов го посочи намалувањето на загадувањето за што најави интензивно зазеленување на градот, гасификација и изградба на секундарен сообраќаен северен прстен којшто ќе овозможи развој на современите видови јавен превоз. Дел од мерките ќе бидат и слободен јавен превоз, мониторинг на извршувањето на градежните активности во најзагадените денови, рестрикции на сообраќајот во централното градско подрачје, а веројатно е дека во консултација со граѓанските организации ќе се стави монаториум на употребата на јагленот како еден од најголемите произведувачи на ПМ честички.

Во однос на проектите кои се започнати од страна на претходниот градоначалник, Шилегов рече дека работата на Панорамското тркало е стопирана и за него ќе се види како ќе се движат понатаму работите, додека за останатите проекти, како што посочи, ќе се направи соодветна проценка за нивно стопирање или продолжување со цел да не му се наштетни ниту на Градот, ниту на граѓаните.

градоначалник Скопје Трајановски Шилегов
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.