Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Трамп е лажен сојузник на конзервативците: Зошто неговото враќање ќе ги предаде американските вредности и ќе ја загрози иднината на нацијата

0
By Marija Todorovska on October 24, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Штетните ставови на Трамп за КОВИД-от, абортусот, родовите прашања, расните малцинства, климатските промени и неговата улога на пудлица на Путин, упатуваат на еден заклучок: неговото водство е штетно, тој е себичен и ги загрозува самите принципи кои ги прават САД голема демократија.

Џабир Дерала / ЦивилМедиа.мк

Замислете дека сте конзервативен бел националист кој ја поддржува идејата за целосна забрана на абортусот. Петпари не давате за тоа што се случува во Украина, Блискиот Исток или кој било друг кризен регион во светот. И, секако, не поддржувате никаков вид хуманитарна или воена помош за Украина, или за која било друга земја. Верувате дека државите треба да платат за воената заштита што можат да ја понудат САД, и тоа добро да платат. Соединетите држави треба да се грижат за себе, и тука завршува приказната.

Дали Трамп одговара на вашите ставови? Тоа секако изгледа така.

Дали треба да гласате за него?

Сосема сигурно НЕ. А еве и зошто.

Ако се држите до овие гледишта – анти-абортус, рамнодушност кон меѓународните кризи, противење на хуманитарната помош и силно верувате дека САД треба да се фокусираат исклучиво на себе – Трамп може да изгледа дека се усогласува со вашите верувања… Но само навидум! Прогресивните Американци се во право кога тврдат дека неговата потпалувачка реторика и политиките кон расните малцинства ги продлабочија социјалните поделби и поттикнаа омраза и фанатизам. Наместо да промовира единство, Трамп активно отуѓуваше цели заедници, загрозувајќи го самото социјално ткиво на нацијата. Сепак, неговата реторика „Америка на прво место“ и „Направи ја Америка повторно голема“ може да ви одекне поради нејзиниот егоцентричен надворешнополитички став. Но, усогласувањето за овие прашања и гласањето за Трамп се две многу различни работи. Ајде да погледнеме.

Абортус

Абортусот е една од најжешките теми на изборите во САД. Ставот на Трамп за абортусот, иако навидум е усогласен со конзервативните позиции, тој е насочен кон манипулирање со ова прашање со цел да извлече политичка корист, а не за одбрана на вистински морални вредности. Неговиот недостаток на емпатија кон жените и маргинализираните групи покажува фундаментално непочитување на човечкото достоинство и правдата.

Климатските промени и науката

Трамповото негирање на климатските промени и нападите врз заштитата на животната средина се, во најмала рака, крајно непромислени. Игнорирајќи ја науката, тој ги задуши климатските политики, изложувајќи ги на ризик идните американски генерации и целата планета – сѐ за да ги заштити корпоративните интереси. Неговото непочитување на животната средина е во спротивност со долгорочната безбедност и просперитет на САД. И на светот, иако тој и поддржувачите на МАГА можеби не се грижат за светот.

Трагично и несовесно справување со пандемијата COVID-19

Справувањето на Трамп со пандемијата КОВИД-19 засекогаш ќе остане запаметено по неговата непромисленост и непочитување на јавното здравје и науката. Неговото минимизирање на вирусот, одбивањето да даде кохерентен национален одговор и бизарните изјави – вклучително и опасната сугестија дека инјектирањето средства за дезинфекција како белилото може да се справи со вирусот – не само што беа научно апсурдни, туку доведоа во опасност безброј животи. Неговиот неуспех да ја сфати сериозно пандемијата доведе до трагично губење на животи и продолжено страдање низ целата земја.

Пудлица на Путин: Загрозување на националниот суверенитет и безбедност

Поддршката на Трамп врз основа на конзервативни верувања, дури и ако тие се оправдани, ги занемарува неговите опасни недостатоци. Трамп не е само престапник, женомрзец и насилник, туку тој е и вознемирувачки покорен на авторитарните лидери, особено на рускиот диктатор и воен злосторник Путин. Неговите постапки и зборови во текот на годините и сега постојано укажуваа дека тој е повеќе заинтересиран да му угоди на Путин отколку да ги заштити американските национални интереси. Оваа снисходливост кон Русија, нација која активно ја поткопува демократијата, води брутална војна против суверена Украина и спроведува агресивна пропаганда и хибридни операции против Западот, е директна закана за безбедноста на Америка. Тоа е во спротивност со самите принципи на националниот суверенитет и демократија за кои може да тврдите дека ги поддржувате.

Застанувајќи на страната на Путин, Трамп покажа дека е подготвен да дозволи странските сили да ги ослабат САД и нивната глобална позиција. Ако се грижите за силни и независни Соединети Американски Држави – светски лидери според моќта и одбраната на бранат демократијата – поддршката на Трамп е опасна противречност. Неговите постапки се усогласуваат со авторитарни режими, НЕ со американскиот народ. Гласањето за него би значело да се поддржи човек кој ја компромитира безбедноста и демократијата на САД за да стекне лична корист и ласкање од странските диктатори.

Едноставно, Трамп е погрешен избор за „Америка повторно да биде голема“

Штетните ставови на Трамп за КОВИД-от, абортусот, родовите прашања, расните малцинства, климатските промени и неговата улога на пудлица на Путин, упатуваат на еден заклучок: неговото водство е штетно, тој е себичен и ги загрозува самите принципи кои ги прават САД голема демократија. Гласањето за него значи одобрување не само на овие опасни позиции, туку и на поединец кој приоритет ѝ дава на личната корист пред националниот интерес, на сметка на американските животи и вредности.

Дозволете ми само да го кажам ова на крајот: ако сте верник на МАГА, Трамп е погрешен избор да ѝ се помогне на „Америка повторно да биде голема“. Напротив, да се биде Републиканец или поддржувач на МАГА, сепак, значи да се биде Американец и да се верува во Уставот и демократијата. Дури и ако сте конзервативни – па дури и расисти или женомразачи – овие ставови сè уште стојат во остра спротивност во однос на катастрофата што би се предизвикала со враќањето на Трамп во Овалната соба.

  • Белешка кон македонскиот превод: Овој текст може да се однесува и на поголемиот дел од конзервативците ширум Европа и светот кои гласаат за ликови и партии со исти или слични особености како Трамп.

Текстот е сопственост на ЦивилМедиа 

абортус избори климатски промени Ковид Путин САД Трамп Џабир Дерала
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.