Претседателот на САД, Доналд Трамп веќе стави потпис на првиот указ, кој е почеток за повлекување на реформата на Барак Обама во здравствениот систем позната како „Обамакер“.

Едно од најгласните ветувања на Трамп за време на кампањите беше токму повлекувањето или менувањето на Обамакер.

Извршната одлука која ја потпиша тој, значи дека администрацијата се обврзува на менување на законот со кој се покриени околу 20 милиони Американци.

Указот им наредува на министерот за здравство и на агенциите да ги истолкуваат регулациите на законот и да се намали финансискиот товар врз индивидуалците, осигурателните компании како и за оние кои даваат здравствени услуги.