Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Трамп го предупреди Ун: Северна Кореја се однесува многу, многу опасно

0
By Нова ТВ on July 6, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на САД, Доналд Трамп, упати силна критика кон Северна Кореја од Полска за последните тестирања на ракета и рече дека Ким Јонг Ун „се однесувал многу многу опасно“.

„Срамота е што се однесуваат на овој начин. Тие се однесуваат многу, многу опасно и нешто ќе мора да се направи околу тоа“, рече Трамп одговарајќи на новинарско прашање на заедничката прес-конференција со претседателот на Полска, Анджеј Дуда.

Прашан за тоа дали е можна и воена акција против Северна Кореја, Трамп одговори дека „некои многи конкретни механизми“ му се на располагање.

„Кога се однесува за Северна Кореја, не знам, ќе видиме што ќе се случи. Имам многу конкретни механизми за кои размислувам, но тоа не значи дека ќе преземам нешто. Јас не повлекувам црвени линии“, е одговорот на Трамп.

Неговата реакција следи откако Северна Кореја лансираше ракета со меѓуконтинентален дострел во вторникот. Според американските служби, истата би можела да достигне до Аљаска.

Амбасадорката на САД во ОН, Ники Хејли, на специјален состанок на Советот за безбедност при ОН, во средата, предупреди од можни воени акции како последица на тестирањата.

„САД се подготвени да ги употреби сите свои механизми за да се одбраниме себе и нашите сојузници“, рече таа, дополнувајќи дека сепак не сакаат да употребат сила.

Таа ги повика Кина и останатите економски сојузници на Ким Јонг Ун да воведат санкции и да го смират врховниот лидер на оваа држава.

Трамп денеска попладне заминува од Полска во Германија, каде што на самитот на Г20 ќе се сретне лично со претседателот на Русија, Владимир Путин.

Владимир Путин Доналд Трамп Ким Јонг-ун Ники Хејли ОН ракета САД Северна Кореја
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
ФОКУС

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

ВЕСТИ November 17, 2025

Обвинителството во Милано ја проширува истрагата за т.н. „Сараево Сафари“ – наводната организирана шема во…

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.