Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Трамп најави најголема модернизација на војската

0
By Нова ТВ on February 25, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, February 25, 2017 10:00

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека ќе побара значајно зголемување на буџетот за „една од најголемите модернизации во историјата“.

Тој во говорот на Конференцијата на републиканските активисти рече дека има планови за засилување на американската војска, која и сега е најсилна борбена сила во светот, и други иницијативи, но не изнесе повеќе детали.

Како што наведе, целта му е суштинско унапредување на војската во офанзивни и дефанзивни капацитети, со барање за значајно зголемување на трошоците која одбраната на САД ќе ја направат „поголема, подобра и посилна од било кога“.

„Да се надеваме дека никогаш нема да ја употребиме, но никој не треба да задева со нас. Никој. Тоа ќе биде една од најголемите воени модернизации во американската историја“, рече Трамп.

Тој претходно во интервју за „Ројтерс“ рече дека сака да го зајакне американскиот нуклеарен арсенал за да се осигура дека САД ќе биде предводник во таа смисла, со оглед на тоа дека заостанале по капацитетите во тој вид на оружје.

Трамп се пожали на руското разместување на крстоносните ракети како кршење на договорот за контрола на вооружувањето, додавајќи дека тоа прашање ќе го постави за време на средбата со рускиот претседател Владимир Путин, кога ќе дојде до таква средба.

На оваа изјава на Трамп, реагираше претседателот на Комитетот за меѓународни односи, Константин Косачев, предупредувајќи дека тоа би можело да доведе до нов натпревар меѓу Вашингтон и Москва за вооружувањето.

Критичарите предупредија дека Русија и Америка имаат доволно оружје за да спречат нуклеарен напад.

Според податоците на Здружението за контрола на оружјето, САД моментално има 6.800 парчиња нуклеарно оружје, додека Русија располага со 7.000 парчиња.

Америка Доналд Трамп нуклеарно оружје Русија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.