Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Трамп по средбата со Путин:Не верувам дека Русија ги хакирала изборите

0
By Нова ТВ on July 16, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, July 16, 2018 20:58

Американскиот претседател Доналд Трамп на прес конференцијата со  рускиот претседател Владимир Путин оцени дека односите со Русија никогаш не биле полоши, но дека тоа се променило од пред 4 часа.

„Несогласувањата меѓу нашите две земји се добро познати и претседателот  Путин и јас за тоа денеска разговаравме долго“ реле Трамп на прес конференцијата во Хелсинки каде се сретнаа двјацата претседатели.

Трамп рече и дека САД и Русија мораат да најдат начин да соработуваат и дека продуктивниот дијалог меѓу нив е добар за двете земји но и за целиот свет.

Американскиот претседател рече дека не гледа причина да верува дека Русија ги хакирала претседателските избори во 2016 година за да му помогне да победи, а во тоа го убедил и Путин кој негирал руско мешање во изборите во САД.

„Претседателот Путин беше исклучително силен и моќен во неговото негирање денеска“ рече Трамп на прес-конференција по средбата со Путин во Хелсинки.

Трамп истакна дека на средбата станало збор и за ситуацијата во Сирија, потенцирајќи дека соработката со Русија во однос на тоа прашање би можела да спаси „стотици илјади животи“.

Трамп оцени дека денешниот ден бил многу успешен. Тој е убеден дека Путин и Русија сакаат да стават крај на проблемот со ширење на нуклеарното оружје.

– Мислам дека сите бевме будалести и дека требаше да го водиме овој дијалог многу порано. Имаме можност да направиме нешто големо. На пример, работиме на запирање на ширењето на нуклеарно оружје, истакна Трамп.

– Смешно е што 90 отсто од нуклеарното оружје го поседуваат Русија и САД, истакна американскиот претседател.

 

REUTERS

Рускиот претседател Владимир Путин оцени дека односите на Русија со САД се во „тешка состојба“, но се надева дека двете страни сега подобро се разбираат.

Путин нагласи дека Русија не се мешала во американските избори во 2016 година.

– Руската држава никогаш не се меша и нема да се меша во внатрешните прашања на САД, вклучувајќи го и изборниот процес, рече Путин на прес-конференцијата..

Путин потенцираше дека е подготвен да соработува со САД за „да ги анализираат заедно” сите конкретни материјали поврзани со наводното мешање во изборите

– На пример, ние можеме да ги анализираме преку заедничката работна група за сајбер-безбедност, за чие воспоставување разговаравме за време на нашите претходни контакти, рече рускиот претседател.

– Денес, САД и Русија се соочуваат со целосно нови предизвици. Тука е опасната нерамнотежа на механизмот на меѓународната безбедност и стабилност, регионални кризи, се поголемата закана од тероризмот и прекуграничниот криминал, се поголеми проблеми во светската економија, еколошки и други опасности. Во врска со сето тоа е можно здружување на силите. Се надевам дека и американските партнери тоа ќе го сфатат, истакна Путин.

Тој позитивно го оцени влијанието на САД на решавањето на кризата со Северна Кореја.

– Добро е што почна постепено решавање на проблемот на Корејскиот Полуостров. Во голема мера тоа стана можно благодарејќи на тоа што претседателот Трамп лично се вклучи во решавањето на кризата, градејќи дијалог во духот на соработка, а не конфронтација, потенцираше рускиот претседател.

Меѓутоа, тој изрази загриженост поради излегувањето на САД од нуклеарниот договор со Иран. Путин посочи дека на Трамп му предал документ со предлози за неширење на нуклеарното оружје.

На крајот од прес конференцијата Путин му подари на Трамп фудбалска топка и дофрли дека  „топката сега е на ваш терен“ и додаде дека САД ќе бидат домаќини на Светското првенство во 20126 година. Трамп се заблагодари и рече дека топката ќе му ја подари на својот син Барон, а потоа и ја подаде на  својата сопруга Меланија.

Денешната средба започна со еден час задоцнување во напната ситуација. Претседателите на САД и Русија разговараа во претседателската палата во Хелсинки два часа и 10 минути – 40 минути повеќе од планираното, а потоа повеќе од еден час и половина разговараа за време на работниот ручек..

People attend ‘Helsinki Calling’ protest ahead of meeting between the U.S. President Donald Trump and Russian President Vladimir Putin in Helsinki, Finland July 15, 2018. REUTERS/Leonhard Foeger

Претседателите на САД и Русија ги пречекаа и демонстранти. Протестираа членовите на „Гринпис“ кои истакнаа транспарент на кој пишуваше „Стоплете ги нашите срца, а не нашата планета“, а беа објавени и повеќе од 300 билборди низ градот со пораки „Господине претседателе, добродојдовте во земјата на слободни медиуми“ и „Трамп ги нарекува медиумите за непријатели на народот“.

 

 

 

 

 

 

Путин Трамп Хелсинки
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026

На косовската претедателка Османи ѝ заврши мандатот

April 4, 2026

Израел воведе смртна казна што ги таргетира Палестинците, но не и Израелците

March 31, 2026
ФОКУС
April 16, 2026

Работниците во македонската култура: Многу лоша улога Министре

ВЕСТИ April 16, 2026

Под мотото дека молчењето е злочин кон сопственото достоинство, Синдикатот на културата на Република Македонија…

Трамп објави десетдневно примирје меѓу Израел и Либан

April 16, 2026

Полска бара Унгарија итно да ѝ ги испорача пребеганите функционери обвинети за криминал

April 16, 2026

Во сенката на иранската криза Русија континуирано ја напаѓа Украина

April 16, 2026
ТИКЕР

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026

На косовската претедателка Османи ѝ заврши мандатот

April 4, 2026

Израел воведе смртна казна што ги таргетира Палестинците, но не и Израелците

March 31, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.