Американскиот претседател Доналд Трамп го потпиша протоколот за пристапување на Црна Гора во НАТО, со што е завршена процедурата за негова ратификација во САД.
Сенатот претходно го ратификуваше протоколот со големо мнозинство гласови од, 97 се изјаснија „за“, додека само сенаторите Ренд Пол и Мајкл Ли беа против.
Според сенаторите, членството на Црна Гора во НАТО ќе ја зајакне Алијансата, а истовремено ќе ги зајакне демократијата и независноста на Црна Гора.
Откако американскиот претседател го потпиша ратификуваниот протокол за проширување на НАТО, останува постапката на верификација да ја завршат Холандија и Шпанија.
Властите во Црна Гора очекуваат да станат полноправна членка на НАТО веќе на самитот во Брисел на крајот на мај.