Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Трамп со критики за Зеленски по изјавата за Крим: Завршете ја работата, ќе ја изгубите цела земја

0
By Zoran Ivanov on April 23, 2025 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, April 23, 2025 19:47

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно го засили притисокот врз украинскиот претседател Володимир Зеленски, повикувајќи го да прифати мировен договор за ставање крај на војната во Украина.

Во објава на својата социјална мрежа Трут Соушл (Truth Social), Трамп изјави дека постигнувањето договор е „многу блиску“, но остро го критикуваше Зеленски поради неговите изјави за Крим, предупредувајќи дека Украина ризикува да ја „изгуби целата земја“ доколку продолжи со сегашниот пристап.

Трамп се осврна на неодамнешната изјава на Зеленски за Волстрит Џурнал, во која украинскиот лидер рече: Украина никогаш нема правно да ја признае окупацијата на Крим. За тоа нема што да се разговара.

Според Трамп, оваа изјава сериозно ги попречува мировните преговори со Русија, бидејќи, како што тврди, „Крим е изгубен уште пред многу години“ за време на мандатот на поранешниот американски претседател Барак Обама. Тој додаде дека Крим „не е предмет на дискусија“ и дека големи руски воени бази постоеле на полуостровот со децении пред неговата анексија во 2014 година.

Никој не бара од Зеленски да го признае Крим како руска територија, но ако сака да го врати, зошто Украина не го бранеше пред единаесет години кога беше предаден на Русија без испукан куршум“? –  напиша Трамп.

Тој ги нарече изјавите на Зеленски „запаливи“ и причина за тешкотиите при обидите за постигнување мир.

„Токму запаливите изјави како онаа што Зеленски ја даде денеска се причина зошто е толку тешко да се постигне мир. Нема со што да се пофали! Ситуацијата за Украина е многу тешка, таа може да избере мир или да продолжи да се бори уште три години пред да ја изгуби целата земја.

Немам ништо против Русија, но длабоко се грижам за тоа да не се губат пет илјади руски и украински животи секоја недела, бидејќи сите овие луѓе умираат без причина. Денешната изјава на Зеленски само ќе го продолжи „убиството“, а тоа никој не го сака„, напиша Трамп.

Многу сме блиску до договор, но човекот кој „нема повеќе адути“ сега мора конечно да го сфати ова и да ја заврши работата. Со нетрпение очекувам да им помогнам и на Украина и на Русија да излезат од овој целосен ХАОС – што никогаш немаше да се случи да бев јас претседател,  порача американскиот претседател.

Според американските медиуми, наводниот мировен план на Трамп предвидува официјално признавање на рускиот суверенитет над анектираниот Крим од страна на САД. Зеленски категорично го отфрли овој предлог, велејќи дека таквото признавање е спротивно на украинскиот устав.

Притисокот од Трамп се интензивира и кон Москва и кон Кијив, при што неговата администрација предупредува дека САД би можеле целосно да се повлечат од посредувањето доколку не се постигне договор наскоро. Овој став го поддржа и потпретседателот Џеј Ди Ванс, кој изјави дека американскиот предлог е „јасен“ и дека е време двете страни да кажат „да“ или САД да се повлечат од процесот.

Тој додаде дека станува збор за „многу фер предлог“ кој ќе ги „замрзне територијалните линии на некое ниво блиску до сегашните“, под услов двете страни да се откажат од дел од територијата што моментално ја држат. Тој не соопшти други детали.

Договор Зеленски зеленски крим Крим Трамп
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 15, 2026

Иранските медиуми објавија детали од договорот меѓу САД и Иран

ВЕСТИ June 15, 2026

Иранските државни медиуми објавија нацрт-договор од 14 точки, иако ниту една страна официјално не го…

Иран поделен за договорот со САД – протести, обвинувања за капитулација

June 14, 2026

Трамп: Утре ќе потпишеме договор со Иран, Ормутскиот теснец повторно ќе биде отворен

June 13, 2026

Трамп: Не знам дали слушнавте – денеска ја завршивме војната со Иран

June 12, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.