Американскиот претседател во текот на месецов ќе ги посети Саудиска Арабија, Израел и Рим, соопшти
Белата куќа. Првата посета на претседателот во странство ќе биде Саудиска Арабија, каде ќе се сретне со лидери од бројни муслимански држави на разговори за координирана идеолошка кампања против радикалниот ислам.
Претседателот кажа дека причината зошто ќе започне од Саудиска Арабија е бидејќи таа земја е „чувар на двете најсвети места за исламот, и оттука ќе започнеме да градиме нова основа за соработка и поддршка за нашите муслимански сојузници во борбата против екстремизмот, тероризмот и насилството, и да изградиме надежна иднина за младите муслимани во нивните земји“.
Според Белата куќа за време на посетата на Израел, Трамп ќе разговора за „начините за унапредување на вистински и траен мир меѓу Израелците и Палестинците.“
Потоа Трамп ќе отпатува во Ватикан на средба со Папата Франциск, во обид да го заживее блискоисточниот мировен процес.
Во Рим, американскиот претседател ќе оствари средба и со италијанскиот претседател Серџо Матарела, кој ќе биде домаќин на самитот на Г-7 во Сицилија подоцна месецов.