Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Трампистот Елон Маск го нарече Олаф Шолц будала, додека германскиот конзервативен кандидат Мерц се залага Европа да покаже сила и цврст став за време на мандатот на Трамп

0
By Marija Todorovska on November 8, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, November 8, 2024 13:33

Олаф Шолц од своја страна изјави дека европските лидери и во иднина ќе продолжат да работат добро со американскиот претседател, и додаде дека ЕУ мора да остане силна во услови на конфликти во Европа и на Блискиот Исток.

Драган Мишев / ЦивилМедиа

Контроверзниот американскиот милијардер, сопственик на Тесла, Спејс Х и Твитер, Илон Маск голем поддржувач и пропагандист на Трамп, откако новиот американски претседател веќе во првите изјави по победата упати закани и се конфронтираше со Европа, веднаш по распадот на германската владејачка коалиција на социјалдемократи, либерали и зелени, во објава на неговата мрежа Х го нарече германскиот канцелар Олаф Шолц будала

„Олаф е будала“ (Olaf ist ein Narr), напиша Маск.

 

Илон Маск својата платформа Х ја стави на располагање на кампањата на Трамп кога најголемиот дел од дезинформациите и лажните видеа кои кружеа во предизборната трка во САД, вклучително и голем дел од руските пропагандни наративи насочени кон изборите во САД својот пласман пред американските гласачи најлесно го пронајдоа преку социјалната мрежа Х.

Истовремено тој донираше над сто милиони долари во кампањата на Трамп, додека неговите политички ставови во последните годиони стануваат ултрадесничарски.

Олаф Шолц од своја страна изјави дека европските лидери и во иднина ќе продолжат да работат добро со американскиот претседател, и додаде дека ЕУ мора да остане силна во услови на конфликти во Европа и на Блискиот Исток.

-Ќе продолжиме да работиме добро со следниот американски претседател. Прашањето како тоа може да се постигне беше тема на нашата дискусија, рече тој по состанокот со другите европски лидери во Будимпешта.

„Едно е јасно. Заедно, како Европска унија и како Европејци, мора да го направиме она што е неопходно за нашата безбедност“, рече германскиот лидер откако Доналд Трамп беше реизбран за претседател.

Од друга страна, германскиот конзервативен кандидат за канцелар, Фридрих Мерц се залага Европа да покаже сила и да заземе цврст став за време на вториот мандат на американскиот претседател Доналд Трамп.

– Тоа ќе остави впечаток во Америка, рече Мерц во ток-шоуто на Мајбрит Илнер на ЗДФ. Тој нагласи дека Европа мора да зборува во еден глас.

– Доналд Трамп не е импресиониран од слабост, само од силат, дури и од опозиција. На овој начин Европа би можела да се справи со новата влада во Вашингтон, рече тој.

Мерц се подготвува за главната политичка функција во Германија откако се распадна коалицијата на неговиот ривал, социјалдемократскиот канцелар Олаф Шолц. Мерц бара Шолц да повика на итно гласање за доверба на неговата сега веќе малцинска влада и предвремени избори. Шолц засега останува на својот став сека гласањето доверба ќе се одржи во јануари.

Лидерот на демохристијаните додаде дека Германија мора да направи повеќе за сопствената безбедност.

Деловниот модел на евтин увоз, скап извоз и дозволување САД да плаќаат за безбедноста „сега е завршен“, рече Мерц.

Но, тој рече дека „тоа не е толку драматично“.

– Треба да се приспособиме на тоа, да управуваме со него и да ги преземеме неопходните последици, додаде Мерц.

Текстот е сопственост на ЦивилМедиа

Илон Маск Мерц Олаф Шолц САД Трамп
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.