НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Трет ден на жалост во Македонија: Идентификацијата на жртвите ќе заврши за најмалку седум дена, одземена лиценцата на „Беса транс“

0
By Sashko on November 25, 2021 ПОЛИТИКА
Фото: mia.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Идентификацијата на 45-те загинати во завчерашната тешка сообраќајна несреќа ќе се прави по земање на биолошки материјал од роднините на жртвите. Целата процедура се очекува да трае најмалку седум дена по што ќе биде организирано пренесување на нивните посмртни останки од Бугарија во земјава.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, на вчерашната средба со надлежниот главен обвинител во Софија, разговарал за забрзување на процесот на собирање на биолошки материјал од роднините, кој треба да се спореди со ДНК на жртвите, за што во Скопје ќе биде пратен бугарски тим истражители. По завршување на идентификувањето на загинатите, МНР односно државата, рече Османи, ќе ги преземе телата и ќе организира транспорт.

Тој вчера ги посети и седумте преживеани патници во несреќата и рече дека се во стабилна и добра општа состојба, но дел од нив се наоѓаат во тешка психичка состојба и потребна им е професионална помош. Тие се наоѓаат во софиската болница „Пирогов“ од кои шест на Клиниката за изгореници и пластична хирургија и еден на трауматологија.

Нашето Министерството за здравство соопшти дека сите седум пациенти ќе останат на болничко лекување, а потоа ќе се направи план за нивен транспорт кон Скопје.

На истрагата за автобуската несреќа што завчера се случи на автопатот „Струма“ работи бугарското Обвинителство, а шефот на дипломатијата очекува брзи резултати.

Добив впечаток дека овде, во Обвинителството во Бугарија, е даден врвен приоритет на оваа истрага и дека сериозно се зафатени што побрзо да излезат со резултати. Се надевам дека оваа истрага ќе се одвива темелно за да се одредат вистинските причини за трагедијата, изјави Османи.

Со истражниот обвинител, рече, разговарале и за шпекулациите во однос на причините за несреќата, напомнувајќи дека тие се штетни за истрагата, ја оддолжуваат, а ја влошуваат и онака тешката емотивна состојба на семејствата.

Вештаци и истражители работат на утврдување на движењето на автобусот, местата каде што правел паузи и брзината со која се движел. Формиран е тим со претставници на Агенцијата за патна инфраструктура и од Дирекцијата за национална контрола во градежништвото во Бугарија, кој во рок од пет дена треба да изврши увид каде што се случи несреќата. Врз основа на наодите од увидот и проверките треба да презентира извештај за состојбата на делницата, како и да процени какви мерки ќе се преземат за нејзино обновување.

Бугарски експерти за безбедност на патиштата посочуваат можни причини за тешката сообраќајка, како избледени хоризонтални ознаки на автопатот, немање патна сигнализација, лоша состојба на рефлектирачката сигнализација, можен шверц на гориво или човечка грешка. Според Румен Дунев, возачот не спиел и тврди дека автобусот се запалил уште пред да ја однесе заштитната ограда од свртувањето.

Министерството за транспорт и врски вчера информираше дека на фирмата-превозник „Беса транс БТБ“ и се одзема лиценцата за работа, односно и се забранува вршење дејност. Соопшти дека за автобусот во кој загинаа 45-те патници немало издадено извод од лиценца за вршење меѓународен слободен превоз за патници, ниту, пак, за друг вид јавен превоз на патници, а возилото не е евидентирано во електронската евиденција на издадени лиценци.

Во соопштението беше посочено дека Министерството за транспорт и врски има регистрирано четири лиценцирани возила на фирмата „Беса транс БТБ“, но меѓу нив не е автобусот што изгоре завчера.

Секторот за професионална одговорност на Царинска управа вчера на ГП „Деве Баир“ вршеше детална контрола на постапување на превозникот и на царинските службеници на денот на излез на автобусот од државава, согласно надлежностите пропишани со Законот за превоз во патниот сообраќај.

Првичните наоди од внатрешната контрола, како што соопшти Царината, покажуваат дека на 18 ноември од царинските службеници електронски не е евидентиран излезот на возилото со регистарски таблички СК0284БА на превозникот „Беса транс“ од Скопје, извршена е само заверка на евидентниот лист за превоз на патници. По досега утврдените неправилности во постапувањето, најавија дека двајца царински службеници, кои биле на смена кога возилото излегло од државата, ќе бидат суспендирани од работното место, а нивниот непосреден раководител ќе биде санкциониран.

Во земјава денеска е трет ден жалост за загинатите во несреќата и се откажани културни и спортски настани, а нема да се одржи ни собраниската седница за пратенички прашања.

Во Скопје вчера се одржа комеморативен марш на ученици и вработени во ОУ „Исмаил Ќемали” во Чаир, оддавајќи им почит на пет загинати нивни соученици. Општина Чаир на вонредна седница донесе одлука за финансиска помош на семејствата на загинатите и одлучи за таа цел да ги пренамени средствата предвидени за новогодишно украсување. И Општина Гази Баба најави дека ќе се приклучи на хуманитарната акција на Црвениот крст за обезбедување финансиска помош за семејствата на настраданите.

„Беса транс“ автобус жртви Идентификација истрага лиценца Македонија несреќа
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.