Денеска е третиот и последен ден од фестивалот „30 години независна музиучка сцена“ што се одржува на плажата „Оревче“ во Охрид, во рамки на одбележувањето на 30 години од македонската независност. Забавата може да ја следите и на линкот овде

Музичката програма почнува во 11 часот и ќе трае цели 14 часа. Денешниот ден е резервиран за 19 музички артисти и бендови кои се гарант за квалитетна забава.

Билетите се продаваат во ограничен број, по цена од 200 денари и може да се набават на влезот на плажата „Оревче“. Настанот се одржува согласно со сите одобрени протоколи против ковид-19 од Министерството за здравство.