Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Третина од ковид позитивните се асимптоматски случаи, третина со хронична болест

0
By Нова ТВ on June 2, 2020 ПОЛИТИКА
Фото: khaleejtimes.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, June 2, 2020 09:16

Третина од вчерашните 89. новозаболени со ковид-19 имаат меѓу 30 и 39 години и повеќето од нив се жени, покажуваат податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Од вкупниот број на заболени во земјава, најголем процент се над 60 години, а највисока инциденца е регистрирана кај оние на возраст од 50 до 59 години, односно вкупно 470 болни се евидентирани во оваа група. Најмал процент на заболени има кај децата и младите до 19 години.

Она што е интересно е дека една третина од лицата кај кои е потврден вирусот, немаат никакви симптоми односно се асимптоматски случаи. Ова го потврди и министерот за здравство Венко Филипче според кого голем е бројот на асимптоматски носители на вирусот и поради тоа апелира задолжително да се носи заштитна маса.

„Огромен е делот на асимптоматски носители, точниот процент би бил шпекулација и тоа го видовме и од овие изминати неколку денови кога ги тестираме и анализираме контактите на претходно дијагностицираните. Огромен дел од тие граѓани, практично сега пациенти – носители на вирусот апсолутно немаат симптоми. Сметам дека е добра одлуката за задолжително носење на маски, заради тоа што не можеме да знаеме во овој момент, и веројатно ќе помине подолго време додека со сериозни анализи и студии не видиме кој е асимптоматскиот процент на граѓани“ вели Филипче.

Најголем процент од позитивните случаи, односно 65,3 проценти имале зголемена температура, 52,6 проценти кашлале, 39,7 имале малаксаност, 18,9 проценти треска, главоболка 15,4, отежнато дишење 14,7 и болка во грлото 14,3.

Податоците на ИЈЗ покажуваат дека од вкупно број на заболени – 75,2 проценти имале контакт со лице позитивно на вирусот.

Третина од потврдените случаи имаат некоја хронична болест, најчесто кардиоваскуларна и белодробна болест. Од хоспитализираните случаи кај 54,3 отсто се присутни коморбидитети. Најмногу смртни случаи се регистрирани кај лицата на возраст над 60 години, а од нив 96 се мажи и 44 се жени.

Во земјава досега се направени вкупно 30.302 теста, а детектирани се 2.315 позитивни лица. Активни се 606 лица, 569 се оздравени, а починале 140 лица.

Венко Филипче ИЈЗ Коронавирус Статистика
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.