Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Три години гордост, оваа година срам: Шкендија немоќна и против Диделанж

0
By Нова ТВ on July 30, 2019 СПОРТ
Фото: facebook.com/fcshkendija/
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Сите 24 меча што Шкендија ги одигра во Европа во изминатите три години, паднаа во вода по само два ова лето. Тежината на сите три пласмани во плејофот за Лига Европа во 2016 година, во 2017 година и во 2018 година, се поништени во ова лето. Елиминациите на екипи од калиброт на Краковија, на Нефчи, на Млада Болеслав, на Дачија, на Хелсинки, на Тракаи, на ТНС и на Шериф, моментите за уживање против Гент, против Милан, против Салцбург и против Розенборг, се обезвреднети.

Македонскиот фудбалски шампион е експресно елиминиран во квалификациите за двете натпреварувања на УЕФА за сезонмата 2019/20. Како да беше малку бламажата од естонски Номе Калју во воведната рунда за Лигата на шампиони, па како капак дојде Диделанж. Тимот од Луксембург одигра 1:1 против тетовци и на својот стадион „Жоси Бартел“ и благодарение на триумфот со 2:1 на арената „Тоше Проески“ ги закопа „црвено-црните“ во, веројатно, најочајните меѓународни изданија во нивната клупска историја. Делгадо погоди за домашните во 78. минута, Агим Ибраими израмни во 90’+2’ минута.

Немоќта на тетовци се преточи во тешка фрустрација на гостувањето во Луксембург за што говорат и трите исклучувања, па тимот на Ќатип Османи го заврши мечот со седум фудбалери во поле. Висар Муслиу во 85. минута по вторпат пожолте, а директни црвени картони добија Валмир Нафиу и Агим Ибраими во судиското надополнување на средбата.

На мегдан на Номе Калју во третото квалификациско коло за Лига Европа ќе оди Диделанж додека Шкендија ќе може на раат да се подготвува за стартот на новата сезона во домашното првенство и дуелот со Академија Пандев во првото коло. И, секако, да размислува што се случи со овој европски излез што требаше да биде континуитет на претходните сезони, а заврши екскурзијантски.

Диделанж квалификации Лига Европа фудбал Шкендија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025

Некои модели на вештачка интелигенција развиваат свој сопствен режим на програмирање за преживување

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025

Некои модели на вештачка интелигенција развиваат свој сопствен режим на програмирање за преживување

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.