Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Три години од „крвавиот четврток“ во Собранието: Парадоксот на овој 27 април

0
By Нова ТВ on April 27, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, April 27, 2020 11:27

Според метеоролозите, тој четврток, на 27 април во 2017 година, нè чекаше убав, топол и сончев ден. Тоа што денот заврши со тешка и крвава бура, не се должеше на изменетите временски услови, туку на политичко насилство, кое со денови го опструираше уставното право на парламентарното мнозинство да избере претседател на Собранието. Сè’ започна откако попладнето мнозинството, конечно, избра претседател на парламентот. Изборот се одвиваше во драматична и крајно нестандардна атмосфера. Додека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ со жив ѕид го чуваа спикерското столче, пратениците на СДСМ, ДУИ, Беса и Алијанса за Албанците гласаа за избор на Талат Џафери, собрани на купче меѓу пратеничките клупи, каде тој и ја даде свечената изјава.

Тоа што следуваше беше кошмар чии слики експресно го обиколија светот – упад во парламентот, насилство, луѓе со фантомки кои спроведуваат „ред“ во законодавниот дом, крвави глави, амбулантни возила, евакуација…

Да не се случеше тоа, овој ден во колективната меморија најмногу ќе беше запомнет како ден во кој загинал големиот македонскиот револуционер и претседател на Крушевската Република, Никола Карев. Ќе го паметевме како ден кога е роден големиот македонски војвода на пишаниот збор, Горан Стефановски. Но, дојде време поради корона-кризата да не можеме ни спомен обележје да поставиме во негова чест, па тоа е одложено за некои подобри времиња.

Дојде време, на денот кога Талат Џафери одбележува три години од неговиот драматичен избор за претседател на парламентот, да е неизвесно дали ќе се состане распуштениот парламент – и тоа во време на вонредна состојба. Стигнавме до еден парадокс: во парламентот, каде пред три години имаше насилен и масовен упад, денеска да не можат да „влезат“ ни пратениците. Не во формална смисла, туку заради суштинска потреба.

Пратениците кои собраа потписи за свикување на парламентот уште чекаат одговор. Од Џафери, кој веројатно не заборавил како се одвиваше неговиот легитимен избор во крајно тешки услови, се очекуваше да има поизострено чувство кога станува збор за потребата од заседавање на парламентот во вонредна состојба. Се разбира, не заради нечија желба или хир, и не спротивно од регултативата. Впрочем, токму Џафери има „пусулче“ во џебот, кога по, од него поднесена Иницијатива, Уставниот суд ја донесе Одлуката број 104 од 2016 година, во која е утврдено дека пратениците не можат повторно да заседаваат по одлуката за самораспуштање, освен во услови на воена или вонредна состојба (63 став 4 од Уставот).

Значи, има чист законски терен да го свика парламентот. Тој досега го бранеше единствено ставот дека во постојано заседание е само Собрание кое има мандат, а не она кое нема, кое е распуштено. Поради тоа побара да не се мешаат статусните и административните права. Но, во таков случај, ако Џафери сега само административно е претседател на парламентот, зошто по неговото распуштање на 16 февруари остварувал официјални средби со европратеници (21 февруари) и со двајца претседатели на парламенти (5 март), небаре неговиот мандат е статусен, политички?

Кога нешто се брани, мора да се биде доследен до крај. Корона-кризата еден ден ќе заврши, но ќе остане забележано дека не сме се заразиле само од вирусот на доследност, принципиелност и неселективно читање на законите. Заради премногу анти-тела или…?

27 април крвав четврток Македонија парламент упад
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.