Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Триесетина повредени во руски напад со дрон врз патнички воз во Сумскиот регион

0
By Zoran Ivanov on October 4, 2025 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, October 4, 2025 16:05

Во руски напад со беспилотно летало погоден е патнички воз на железничката станица Шостка, во северниот украински Сумски регион, при што се повредени неколку десетици лица, соопштија денеска официјални лица од локалната администрација.

Дивјачки руски напад со дронови врз железничката станица во Шостка, Сумиската област. Сите служби за итни случаи се веќе на местото на настанот и почнаа да им помагаат на луѓето. Сите информации за повредените се утврдуваат. Досега знаеме за најмалку 30 жртви, рече Зеленски во објава на платформата X, пренесе Скај Њуз.

Украинскиот претседател на неговиот канал на платформата Телеграм, објавуви и видео од уништениот и запален патнички вагон и другите вагони со искршени прозорци.

Зеленски додаде дека на местото на ударот имало и вработени во Украинските железници и патници.

Регионалниот гувернер Олек Хрихоров рече дека во нападот бил погоден возот што се движел од Шостка кон главниот град Кијив.

Лекарите и спасувачите интервенираат на местото на настанот, додаде тој.

Шефицата на локалната окружна администрација, Оксана Тарасјук, изјави за украинската телевизија дека околу 30 лица се повредени во нападот. Засега нема пријавени смртни случаи.

Русите не можеа да не знаат дека целат цивили. Ова е тероризам што светот нема право да го игнорира, напиша Зеленски.

Москва ги засили воздушните напади врз железничката инфраструктура на Украина, напаѓајќи ја речиси секој ден во последните два месеци.

 

воз дрон Зеленски напад руски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 20, 2026

Висока иранска делегација отпатува во Швајцарија на преговори со САД

ВЕСТИ June 20, 2026

Висока иранска делегација, предводена од претседателот на парламентот Мохамад Багер Галибаф, отпатува во Швајцарија на…

Американски и ирански претставници на преговори во Швајцарија

June 20, 2026

Израел и Хезболах договорија примирје

June 19, 2026

Откажани преговорите меѓу САД и Иран – Венс остана во Вашингтон

June 19, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.