Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Триста: Поповски од притвор ќе ја чека правосилноста на пресудата

0
By Нова ТВ on May 22, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, May 22, 2018 14:33

Поранешниот помошник-министер за внатрешни работи Ѓоко Поповски од притвор ќе ја чека правосилноста на пресудата од 9 години затвор за злоупотреба на службена положба и овластување во врска со јавната набавка на 300 возила за МВР. Вака одлучи Судот, по барањето на обвинителката на СЈО Фатиме Фетаи.

Фетаи побара притвор за Поповски, имајќи ја предвид високата затворска казна што му е изречена, сумата што треба да ја надомести и поради тоа што тој е обвинет и во друг случај на СЈО, „Тенк“, за кој утре треба да биде изречена пресуда.

Фетаи рече дека поради ова постои опасност од бегство и тука го наведе случајот со двајцата бегалци Горан Грујевски и Никола Бошковски, за кои судот во Грција не дозволи екстрадиција.

Бранителот на Поповски, Стерјо Зиков смета дека ниту еден основ за притвор не е издржан во моментот и покрај изречената превисока казна затвор.

-Обвинетиот и досега свесен за кривичните дела и за запретената казна уредно се јавуваше на судење. Според него, Поповски ни досега ни од сега нема да бега, дека е семеен човек со семејство во РМ, а и неговата здравствена состојба е сериозна. Поради тоа сметаме дека не треба судот да определи мерка притвор, рече Зиков и најави жалба на првостепената пресуда.

Адвокатката Сања Алексиќ напомена дека исто така и имотот на Поповски е замрзнат, на што судијката укажа дека оваа мерка се однесува само на период од 15 дена по правосилноста на пресудата.

Во своја одбрана Поповски рече дека ниту има можност, ниту потреба ниту сакам, ниту размислувал за бегство од државата.

-Сакам да напоменам дека кога беше изречена мерката за одземање на патната исправа, јас веднаш ги доставив двете патни исправи што ги поседувам. Во поглед на пријавањето секоја среда, се пријавивам. Јас алтеративна држава немам, освен оваа. Повредата на сопругата која јас и ја нанесов во несреќен случај предизвика тешка операција кај неа, движењето и е ограничено. Имаме еден син кој живее и се школува и стара неподвижна мајка која до пред еден месец живееше со мене, меѓутоа во неможност заради здравстените проблеми и психичката состојба во која се наоѓаме не можевме да и пружиме грижа и  ја сместивме во дом за стари лица, каде секојдневно ја посетуваме, рече Поповски.

Пресудата за Поповски денеска му беше изречена бидејќи со јавната набавка го оштетил буџетот за 453.570 евра. Според СЈО, Поповски незаконски доделил договори за купопродажба и одржување возила на Порше Македонија ДООЕЛ Скопје, Ка-Дис ДОО Скопје, Бохемија Автомобили Роус ДООЕЛ Скопје, Колевски ДОО Скопје и Авто Куќа ДОО Скопје избрани како економски најповолни понуди. 

Освен казната затвор од 9 години, Поповски треба да ја надомести штетата на МВР од 27.894.522 денари во рок од 15 дена од правосилноста на пресудата.

Исто така се задолжува и да надомести 246.523 денари судски трошоци во истиот рок.

Што е предметот „Триста“

Пред објавувањето на пресудата Судот накусо го објасни целиот случај.

Како што беше речено, неспорно е дека Поповски на 23.06. 2008 година распишал оглас за набавка на 300 патнички моторни возила за МВР, која на 25. 06. 2008 година е објавена во Службен весник, каде како критериум за избор се наведува економски најповолната понуда.

Набабката се одвивала во три лота: првиот, за 120 возила, вториот за 150 возила и третиот за 30 возила.

На огласот се јавиле 11 оператори од кои како најповолни биле избрани: за првиот лот Аутомобиле СК, за вториот Автокуќа ДОО Скопје и за третиот Аутомакедонија АД Скопје.

Но судот истакнува дека Комисијата наместо да предложи избор на најповолен понудувач за секој лот, спротивно на утврдениот критериум предложила да се набават возила од различни модели.

Судот констатира дека според законот не е дозволено да се менуваат критеримите за доделување на набавката, односно не смее да се менува критериум за цело времетрање на постапката за доделување на договорот.

На овој начин, во секој од трите лота биле избрани различни понудувачи: во првиот лот, биле избрани Аутомобиле СК кој бил прорангиран, но и второрангираниот, четврто и петорангираните. Во вториот лот биле избрани Автокуќа, Ка дис, ПоршеДОЕЛ Скопје и Бохемија. Во третиот лот биле избрани Аутомакеднија АД Скопје кои како прворангирани набавиле најмалку возила, додека Порше ДОЕЛ Скопје 20 возила и Бохемија 5.

Судот оцени дека со ова предлогот на Комисијата бил спротивен на законот. Судот смета дека Поповски не требало да прифати ваков предлог.

Но наместо тоа со одлука на 17.09.2008 година извршил избор на набавувачи според она што го предложила Комисијата.

Со ваквиот начин заклучно со 3. 05. 2012 година од МВР биле исплатени 318. 050.292 денари или 27.894.522 денари повеќе од она што би требало да се исплати доколку биле избрани најповолните понудувачи.

Со ова штетата што му е нанесена на МВР е од големи размери – односно 27.894.522 денари.

Судот смета дека неспорно е дека МВР имало потреба од набавка на нови возила, но морало да се почитуват критериумите набедени во огласот, а не промената потоа да биде заведена само како забелешка во договорот за набавката.

Судот тука го посочи и телефонскиот разговор меѓу тогашната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и генералниот секретар на Владата Кирил Божиновски од 29.08.2012 година, кој е доказ за незаконитоста на постапката за начинот на распределбата на возилата. Во него јанкулоска вели дека „направиле финта, на кој по 10, на кој по 20 возила“.

Судот смета дека со функцијата што ја обавувал, Поповски треба да ги има предвид износите што треба да се платат, односно бил свесен дека со неговото постапување може да настапат штетни последици.

Според тоа, за Поповски се исполнети сите елементи на кривичното дело за кое се товари.

пресуда притвор СЈО Триста
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.